23 нешта што ги разбираат само луѓето кои сакаат да минуваат време сами
Овие луѓе едноставно уживаат во своето друштво. Не значи дека немаат пријатели и дека не излегуваат, туку едноставно секогаш повеќе би одбрале да останат дома со книга отколку да одат негде. Ако и вие спаѓате овде, тогаш сигурно ви се познати следниве нешта.
1. Викендот без планови и одговорности е најдобриот што можете да го имате.
2. Понекогаш пријателите се обидуваат да направат планови со вас, а вие немате друга причина да откажете освен тоа што сакате да бидете сами тој ден.
3. Добриот албум, книга или серија можат подолго да ви го задржат вниманието од која било забава или дискотека.
4. Одењето во некоја далечна колиба сред шума со цел само да постоите одреден период ви звучи како најдобрата идеја за одмор.
5. Нема ништо повозбудливо од планирање соло патување бидејќи знаете дека ќе можете да размислувате, да слушате музика и да правите што сакате со часови.
6. Не ги разбирате луѓето кои не можат да јадат сами во ресторан. Според вас тоа е едно од поубавите нешта во животот.
7. Најлошата карактеристика што може да ја има некој партнер е да биде премногу приврзан. Вам ви е потребен простор. Ако партнерот постојано сака да биде со вас, не би издржале во врската.
8. Дури и кога сте приврзани за партнерот, секогаш ви се потребни по неколку часови сами за да бидете во ред.
9. Би се венчале само со личност која сака да минува време сама. Во спротивно, бракот не би траел долго.
10. Ако некој што ве познава треба да ве опише, би кажал само дека сте независни.
11. Вашата интуиција е многу силна бидејќи поминувате време сами и ја развивате.
12. Додека луѓето околу вас мразат да бидат сингл, вие сметате дека е вистинска радост што можете да уживате во вашата самотија. Ова е уште подобро ако живеете сами бидејќи имате многу нешта за правење.
13. Секогаш работите на некој проект, најчесто уметнички, и се чувствувате лошо ако не сте биле во можност да работите неколку денови.
14. Кога се дружите, повеќе сакате тоа да биде во мала група или само со еден пријател. Колку поинтимен и подлабок е разговорот, толку подобро.
15. Вие сте набљудувач – го гледате и проучувате однесувањето на луѓето. Интересни сте и ве сакаат, а ова е проблем кога ќе се земе предвид колку време сакате да минувате сами.
16. Цел ден поминат сами со себе прави најмногу да се чувствувате како вистинските вие.
17. Го сакате студеното, врнежливо време бидејќи ви дава уште повеќе изговори за да останете во домот и да читате, размислувате или пишувате.
18. Не можете, а да не размислувате за големите животни прашања.
19. Бидејќи минувањето време сами ви е приоритет, поприсутни сте и повнимателни кога сте со другите бидејќи не се чувствувавте како да губите време.
20. Повеќе би оделе на планинарење или на плажа сами отколку со кој било. Ова не значи дека не сакате луѓе, туку искуството е подобро кога сте сами.
21. Одлично е да пиете вино со пријателите, но шише вино по напорен ден додека сте сами? За вас ова е вистински рај.
22. Патувањето на ново место сами е секогаш одлична идеја. Секогаш или планирате или одите или се враќате од некоја соло авантура. Искусувањето на светот само преку вашите очи ви е голема потреба.
23. Со ништо не може да се спореди чувството кога некој ќе ви откаже и добивате повеќе време за себе.
Погледнете и што им е заедничко на луѓето кои уживаат во самотијата.