23 мали ветувања што треба да си ги дадете и да се држите до нив до крајот на годината
Се сеќавате ли на новогодишните одлуки за оваа година? Колку од нив всушност станале реалност? Иако годината е при крај, сепак имате време да ја направите најдобра. Дајте си ги овие мали ветувања и обидете да се придржувате до нив барем до крајот на годината.
1. Обидете се да си поставите граници за одолговлекување на работите. Започнете со тоа што ќе го намалите времето поминато на социјалните мрежи.
2. Престанете да мислите на бившиот до тој степен што се повредувате. Може да ви недостасува некој. Можете да му се јавите. Можете да мислите на него и да се потсетувате. Но откако ќе помине некој период од раскинувањето, немојте непотребно да се повредувате. Ако забележите дека сте претерале, обидете се да си го одвлечете вниманието од поранешниот партнер.
3. Немојте да следите некој тренд за исхрана што ќе направи да престанете да уживате во храната. Здравата врска со храната е предизвик за многу мажи и жени, но подобро е да се обидувате да држите рамнотежа отколку да си забранувате сè.
4. Донирајте ја вашата облека наместо да ја фрлате.
5. Немојте да молчите кога имате нешто важно за кажување, без разлика колку ви е страв.
6. Кажете им на луѓето ако имаат нешто меѓу забите.
7. Обидете се да јадете барем една порција овошје или зеленчук секој ден. Ништо нема да направи да се чувствувате полошо од цел ден јадење само протеини и јаглехидрати.
8. Кога некој навистина ви се допаѓа, кажете му. Во текот на целиот живот, ќе имате многу малку да изгубите со тоа што ќе кажувате дека се грижите за некого.
9. Бидете искрени кон себе кога станува збор за вашата кариера, па дури и ако тоа значи дека треба да направите промена, да се вратите на училиште или да направите план за кој сте сметале дека не сте способни.
10. Дајте ѝ шанса на личноста што воопшто не ви се допаѓа.
11. Кога ќе бидете подготвени да се вратите во игра, ќе излезете да се запознаете со други луѓе, ќе бидете отворени, или барем ќе пробате некоја апликација за состанување.
12. Добро погледнете ја вашата сметка и откријте што ви претставува најголем трошок. Потоа направете план за справување со тој трошок, или правете мали чекори за да ја подобрите состојбата.
13. Прочитајте барем една книга што ќе ви предизвика некаква реакција, емоција или ќе ве натера да ја препорачате на друг.
14. Ако сте премногу зафатени, опуштете се барем еднаш месечно и излезете со вашите пријатели.
15. Ако сте биле премногу мрзливи, обидете се да си поставите крајни рокови што ќе ве охрабрат конечно да ги завршите обврските.
16. Пребарајте низ музиката што сте ја слушале во минатото и смејте се на вашиот избор. Истражете го вашето музичко минато и можеби повторно ќе најдете некоја стара љубов.
17. Бидете искрени во врска со вашите приоритети за оваа година, без разлика дали се поврзани со кариера, врски или почнување од почеток.
18. Излезете со облека која никогаш не би ја носеле надвор. Ќе сфатите дека сте истата личност без разлика на облеката и можеби ќе откриете нов стил.
19. Престанете да се срамите од вашата музика и пуштете ги омилените песни на глас.
20. Престанете да чекате да ве пронајде среќата и прифатете дека треба да работите за неа и да ја најдете самите.
21. Конечно направете го она нешто за коешто размислувате уште од јануари, без разлика што е.
22. Одвојте време да размислите кои биле вашите новогодишни одлуки во јануари и разгледајте што тргнало во погрешна насока, а што станало реалност.
23. Немојте престрого да си судите ако прекршите некое од овие правила и прифатете дека сепак сте човек. Тоа значи да се сакате и покрај сите ваши грешки.
Прочитајте ги и ветувањата до кои треба да се држите целиот живот.