22 знаци дека сте во врска со маж кој сака да ве направи среќни
Секој човек се стреми кон својата среќа. Таа е една од најважните нешта доколку сакате да живеете исполнет и задоволен живот. Но, што се случува со влијанието на другите луѓе врз нашата среќа? Во врските, исто како и во животот, среќата е клучот до успехот. Па, колку тој е подготвен да се бори за вашата среќа? Доколку го пронајдете во следниве 22 ситуации, тогаш без сомнение вашиот партнер прави сè што е во негова моќ за да ве направи среќни…
1. Тој ве охрабрува да носите рамни чевли кога излегувате навечер, дури и покрај тоа што и двајцата знаете дека подобро изгледате со високи потпетици. Тој се грижи повеќе за вашата удобност отколку за надворешниот изглед.
2. Има шесто сетило кога станува збор за спасување од разговор на забава. Тој толку добро го познава вашиот говор на телото што може да открие во секој момент кога ви е непријатно и знае точно како без никаков проблем да ве извлече од таа ситуација.
3. Во истиот момент кога ќе дувне посилен ветар, тој проверува дали сте топло облечени. Дури можеби и ќе ви ја закопча јакната или пак, доколку не сте облечени соодветно на времето ќе ви ја понуди својата, притоа прегрнувајќи ве за да ве стопли.
4. Секогаш ја фали храната која вие сте ја подготвиле. Без разлика на нејзиниот вкус.
5. Кога ве очекува тежок ден, тој ќе ви предложи да си легнете порано. Можеби дури и ќе ви го масира грбот за да ве опушти наместо да ви побара секс.
6. Тој обожава орално да ве задоволува. И притоа е фокусиран на сите ваши движења и воздишки со цел открие подобро точно што сакате, а што не.
7. Тој не е премногу горделив кога е покрај вас. Токму затоа и нема да се плаши да побара совети за вашето тело, или пак, да ви дозволи понекогаш да го преземете водството во кревет. Баш напротив, тој отворено ги прифаќа сите нешта кои можат да доведат до ваше, но и негово посилно задоволство.
8. Вез разлика колку добар секс имате, тој секогаш се стреми кон подобро. По најсилниот оргазам кој некогаш сте го доживеале, тој без размислување ќе ви каже, „Следен пат може да се обидеме за повеќе.“
9. Секогаш кога е можно, се обидува да одржува контакт со очи за време на сексот. Исто така воопшто не се срами да го нарече вашиот сексуален однос „водење љубов“.
10. Тој искрено сака да го посакувате. И тоа најмногу можете да го забележите преку неговата возбуда додека орално го задоволувате.
11. Тој нема да биде задоволен од сексот ако и вие не доживеете оргазам. Дури и во оние денови кога едноставно не се чувствувате доволно привлечно, ниту пак секси, тој ќе се обиде најдобро што може да ви помогне да доживеете оргазам, велејќи ви дека сте прекрасна во неговите очи.
12. Тој ви дава големи комплименти кои вие едноставно знаете дека не се вистинити. На пример, кога ве нарекува најубавата жена на светот. Но, она што е најинтересно е дека тој навистина го мисли тоа.
13. Тој обожава да ве држи за рака во јавност. Кога сте излезени заедно, без разлика на тоа што го правите, за него вие сте единствената личност која постои во тој момент.
14. Никогаш не си оди без да ве бакне. Дури и доколку цврсто спиете, тој ќе ве бакне за збогум.
15. Кога сте нервозни или премногу зафатени, тој наоѓа начин да ви помогне со вашите домашни обврски. И никогаш нема да побара заслуга за тоа. За него наградата е фактот што успеал малку да ви го олесни секојдневието.
16. Ве поддржува на сите социјални мрежи. Без разлика дали станува збор за Твитер, Инстаграм или Фејсбук…
17. Кога разговара со вашите родители, тој е најдобрата верзија од себе. Кога вашите родители се среќни, вие сте среќни, а кога вие сте среќни и тој е.
18. Тој им е благодарен на вашите родители затоа што ве направиле онаа жена која сте денес. И во ниту еден момент нема да се воздржи да им го каже тоа.
19. Тој сака да разговара и прави планови за вашата иднина. Особено на тема деца – тој едноставно едвај чека да види како ќе изгледате кога ќе бидете бремени.
20. Тој ги сака сите делови од вашето тело. Дури и оние кои вие ги сметате за недостатоци.
21. Постојано планира нови начини на кои можете да го поминувате вашето заедничко време. Вие го инспирирате да биде поголем авантурист, а истото важи и за неговото влијание врз вас.
22. Секогаш кога се чувствувате несигурни, тој ќе најде начин да ве убеди дека сè ќе биде во ред. Сè додека сте заедно…