22 работи што треба да ги направите барем еднаш во животот

22 работи што треба да ги направите барем еднаш во животот

Понекогаш добро е да имате некаков план во животот за да можете да го извлечете максимумот од сите можности што ви ги нуди. Постојат одредени работи кои навистина вреди да ги направите барем еднаш во животот, бидејќи тие ќе ви помогнат продуктивно да го искористите вашето време на светов и ќе ви го покажат вистинскиот пат додека изгубено талкате по животното патешествие. Не ви требаат супермоќи за да ги изведете, само добра волја и мотивација, а за возврат ќе го збогатите животот со незаборавни искуства. Па, што чекате? Почнете да ги остварувате следниве 22 работи од оваа листа…

22 работи што треба да ги направите барем еднаш во животот

1. Посетете некое навистина егзотично место кое ќе направи да помислите дека сте на работ од рајот.

2. Купете билети за некој музички фестивал и тотално откачете!

3. Пријавете се на полу маратон.

4. Пливајте голи.

5. Научете да готвите некое јадење по кое ќе станете препознатливи и кое вашите пријатели и семејство ќе го обожаваат.

6. Истражете го вашето семејно дрво. Ќе се изненадите од нештата што ќе ги дознаете.

7. Пробајте банџи скок или летање со падобран.

22 работи што треба да ги направите барем еднаш во животот

8. Поминете ја вечерта на забава во некој непознат град и танцувајте до зори.

9. Научете да правите коктели.

10. Зграпчете го микрофонот на караоке забава и пејте дури и ако мразите да бидете во центар на вниманието.

11. Пробајте да нуркате.

12. Изгубете се во некоја земја во странство. Ова најчесто е најдобриот дел од патувањето.

13. Искачете се на некоја планина. Секако дека тоа не мора да биде Монт Еверест.

14. Поминете неколку вечери под отворено небо.

22 работи што треба да ги направите барем еднаш во животот

15. Земете часови по некоја активност во која немате апсолутно никакво искуство.

16. Вежбајте редовно.

17. Волонтирајте.

18. Најдете партнер кој навистина ќе се грижи за вас.

19. Патувањето сами не е толку страшно колку што изгледа. Уверете се во тоа самите!

20. Одете на некој голем спортски настан: Светско првенство, Олимпијада и слично.

21. Изнајмете апартман на одмор со луѓе што не ги познавате. Со сигурност ќе стекнете нови пријатели.

22. Избегајте од гужвата на еден ден или цела недела. Поминете време сами.

22 работи што треба да ги направите барем еднаш во животот

Доколку сте расположени за понеобични предлози, прочитајте ги и овие интересни работи кои мора да ги направите барем еднаш во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар