21 работа која можеби досега не сте ја знаеле за сексот - Part 3

21 работа која можеби досега не сте ја знаеле за сексот

15. Сексот го намалува нивото на стрес и ја минимизира можноста да се разболите

Како? Многу едноставно – сексуалното задоволство го намалува крвниот притисок и ве прави поотпорни на стрес. Притоа, редовниот секс го зголемува нивото на имуноглобин А, антитела кои помагаат во одбрана против настинки и инфекции.

15-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

16. Зајакнувањето на мускулот pubococcygeus води кон подобра контрола на мочниот меур и подобар секс

Ттука стапуваат на сила Кегел-вежбите кои го зајакнуваат овој мускул, кој покрај тоа што ќе ја подобри контролата која ја имате врз вашиот мочен меур, ќе го направи вашиот оргазам поинтензивен. Дури и ќе ви овозможи да го опфатите поцврсто пенисот на вашиот маж додека е во вас, што ќе му овозможи и нему поголемо задоволство.

16-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

17. Вообичаено, сексот не трае повеќе од 10 минути

Иако има и такви кои можат да издржат многу подолго, сексот во просек трае само неколку минути. Доколку сакате да трае подолго, потребно е да правите вежби со кои ќе го совладате оддолжувањето на оргазмот.

17-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

18. Заспивањето брзо по сексот е нормално и за мажите и за жените

Постои причина поради која желбата за интеракција откако сте доживеле оргазам е намалена. Тоа е поради ослободениот окситоцин во вашето тело кој е одговорен за смирување на организмот, па дури и за поттикнување на сонот.

18-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

19. Имањето секс за времетраење на менструацијата има и своја позитивна страна

Сексот е најдобар лек за намалување на менструалните болки. Иако од хигиенски причини голем број од паровите не го практикуваат додека женското е во овој период од месецот, сексот навистина може да помогне предизвикувајќи мускулите да се опуштат, а и го намалува протокот на крв. Дури и големината на тампони кои ги користи женското да остане иста, сексот во тие денови ќе ѝ овозможи неверојатен оргазам.

19-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

20. Контрацептивните апчиња го намалуваат женското либидо

Иако земањето на овие апчиња значи поголема слобода и поголемо уживање, поновите истражувања покажуваат дека токму тие ја потиснуваат желбата за секс кај жените. Доколку го оставиме настрана фактот дека крајните ефекти од овие апчиња не можат никогаш да се предвидат во целост, доколку наидете на вакви проблеми можеби би требало да го промените брендот. Во спротивно, консултирајте се со вашиот гинеколог кој може да ви посочи други начини да се заштитите од несакана бременост.

20-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

21. Сексуалните фантазии, посебно оние кои вклучуваат ваша потчинетост, се нормални

Не сте единствени доколку сонувате како имате секс со вашиот шеф или професор облечени како секси секретарка или студентка. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 50 проценти од жените сонуваат да бидат земени, дури и оние најмоќните и најсамостојните. Но, реалноста и фантазијата се две различни работи, а нивното признавање и прифаќање може само да биде позитивно.

21-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар