21 работа која можеби досега не сте ја знаеле за сексот - Part 2

21 работа која можеби досега не сте ја знаеле за сексот

8. Жените можат да доживеат нелимитиран број оргазми

Идодека мажите ја губат ерекцијата веднаш после оргазмот и потребен им е одреден период на одмор, кај жените е сосема спротивното. Дали за време на еден или при повеќе сексуални односи едноподруго, жените можат многу брзо да доживеат и втор оргазам, па трет и така сè додека нивното тело има потреба. За разлика од жените, мажите би требало да усовршат некои вештини кои бараат од нив многу добро да го познаваат своето тело.

8-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

9. И постари луѓе можат да имаат редовен секс

Годините можеби ќе ве успорат, но нема да ја намалат вашата сексуална желба. Поврзаноста и сексуалната привлечност не исчезнуваат со годините. Сите изговори за немање сексуален однос со вашиот партнер, а се поврзани со возраста, едноставно не се точни. Најдете време за секс и посакајте да го имате и тоа ќе се случи.

9-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

10. Лубрикантот навистина може да направи разлика

За жал, многу луѓе искусуваат болки при сексуалниот однос токму поради недоволно лачење на природен лубрикант во телото. Ова не значи дека партнерот не ве привлекува и не е воопшто загрижувачки. Сето ова може да се реши доколку купите тубиче лубрикант во најблиската аптека, така што повеќе нема да мора да се лишувате од сексуалното задоволство и конечно, со мала помош, ќе можете да се препуштите на уживањето.

10-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

11. На повеќето жени им е потребно повеќе за да доживеат оргазам отколку само вагинална пенетрација

Иако за мажите доволен е и само пенисот, кај жените не секогаш е толку едноставно. На голем процент од женската популација им е потребна стимулација на клиторисот, па дури и орално задоволување за да го достигнат врвот. Разговарајте со вашиот партнер и кажете му што сакате.

11-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

12. Сексот прави да се чувствувате посекси и да изгледате попривлечно

По доживување на оргазам, нивото на естроген во женското тело двојно се зголемува. Ова прави жената да изгледа поубаво и позадоволно. Може да се случи косата да ѝ стане посјајна или, пак, кожата помека. Па жени, гледајте на сексот како третман за убавина и практикувајте го што почесто.

12-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

13. Една ејакулација дава сперма колку да се пополни едно мало лажиче

Ретки се случаите кога мажите при оргазам лачат повеќе од 1-2 лажички сперма. Можно е да се случи и да бидат повеќе, но претежно доколку подолго време апстинирале од каков било секс.

13-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

14. Луѓето и делфините се единствените цицачи кои имаат секс единствено поради задоволство

Како човечки суштества, имаме способност да уживаме во сексот без да имаме потреба да гледаме на него како начин за репродукција. Покрај нас, од сите останати цицачи, ова се случува само кај делфините. За останатите животни, сексуалниот однос се однесува целосно на биолошката потреба за создавање потомство.

14-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар