21 работа која можеби досега не сте ја знаеле за сексот

21 работа која можеби досега не сте ја знаеле за сексот

Сексот веќе одамна не е табу тема. Луѓето слободно и без никакви воздржувања зборуваат за своите сексуални искуства и споделуваат секакви информации кои ќе ги слушнат од својот доктор или ќе ги прочитаат некаде. Иако можеби мислиме дека сме доволно информирани за сексот и сè во врска со него, различни истражувања секојдневно пронаоѓаат и докажуваат нови работи. Следниве 20+ работи се наоѓаат сигурно на таа листа.

0-12-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

1. Жената може да забремени дури и ако мажот не ејакулирал во неа

За жал, една од најголемите грешки кои претежно многу млади парови ја прават, е недоволното информирање за сите можни ситуации во кои женското би можело за забремени. Конкретно, една од најчестите причини меѓу младите е токму оваа – доколку не ејакулирал во мене, тогаш нема шанси да забременам. Напротив, има шанси и тоа големи, особено ако сте во вашите плодни денови. Иако на крајот тој ејакулирал надвор, за цело време на сексуалниот однос мажите, како и жените, лачат секрет. Доколку два пати имате секс во мал временски интервал едноподруго, а притоа не користите презерватив како заштита, можно е да забремените. Тоа е така бидејќи вториот пат во секретот на мажот се содржи сперма, па доколку сексуалниот однос е вагинален, веројатноста постои.

1-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

2. Вашата желба за секс е тесно поврзана со тоа во кој период сте од менструалниот циклус

Сигурно сте забележале дека во периодот кога овулирате, желбата за секс ви е и те како зголемена. Тоа е бидејќи во тој период нивото на тестостерон во телото го достигнува својот максимум.

2-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

3. И жените можат да ејакулираат

Многу жени тврдат дека за време на односот или по оргазмот, испуштаат течност која не е ни урина ни вагинална лубрикација, туку чиста течност без мирис која излегува од уретрата или околу неа, а како резултат на стимулација на Г-точката. Иако ова е доста дебатирано прашање, сепак се случува и не е ништо невообичаено или застрашувачки.

3-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

4. Вашите полови органи може да не се усогласуваат

Иако звучи невозможно и неверојатно, се случува да не се совпаднат, токму како различни делови од сложувалка. Според Ејми Левин, секс тренер, овие проблеми можат да се решат така што би пронашле поза која ќе ви одговара на двајцата или, пак, доколку се решите, да се обидете да користите некоја секс-играчка.

4-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

5. Левата страна на клиторисот е најдобра за женското задоволство

Според двајцата лидери во областа на секс-работилниците, Стив и Вера Бодански, постои специфична област кај клиторисот која е најчувствителна. Тој дел е левиот горен квадрант од клиторисот и тој е најсензибилниот дел на женското тело. Ова е поубаво објаснето во нивната книга „Продолжен масивен оргазам: Како да пружите и примите интензивно сексуално задоволство“.

5-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

6. На многу жени им се случува пост-сексуално да крварат

Доколку забележите крв после сексуалниот однос, тоа е најверојатно резултат на некоја инфекција или полип. Иако во најголем број од случаите не е ништо опасно, пожелно е веднаш да одите на гинеколог кој ќе ви каже точно кои мерки да ги преземете.

6-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk

7. На многу хетеросексуални мажи им се допаѓа кога им ја стимулирате аналната област

Колку и да не ви се верува, ова навистина е така. И кај жените и кај мажите во таа зона има многу нервни завршетоци, па со нивна стимулација личноста сè повеќе се возбудува. Иако многу од мажите не би го признале ова бидејќи се плашат дека би помислиле дека се хомосексуалци, стимулацијата на простата би ги довела до неверојатно интензивен оргазам.

7-21-rabota-koja-mozhebi-dosega-ne-ste-ja-znaele-za-seksot-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар