21 правило за живот од јапонскиот будист Мијамото Мушаши

21 правило за живот од јапонскиот будист Мијамото Мушаши

Животот е тежок. Без разлика кои сте и што правите, ќе се соочите со пречки и ситуации кои нема да ви изгледаат фер. Едно од најтешките нешта е да прифатите дека страдањето е дел од животот.

21 правило за живот од јапонскиот будист Мијамото Мушаши

Нашиот ум е дизајниран да се фокусира на негативното и да се грижи за иднината, па како да го прифатиме животот онаков каков што е и да живееме во сегашниот момент? Според експертот за свесност, Лахлан Браун, следењето на овие правила за живот од Мијамото Мушаши е клучно за мирен, среќен живот во сегашниот момент. Мијамото е познат како најдобриот мечувалец во Јапонија и ги напишал овие правила 2 недели пред неговата смрт.

1. Прифатете сè онакви какви што сте.

2. Не барајте задоволство само за да се чувствувате убаво.

3. Немојте никогаш да се потпирате на делумно чувство.

4. Размислувајте лесно за себе и длабоко за светот.

5. Бидете одвоени од вашите желби целиот живот.

6. Не жалете за она што сте го направиле.

7. Не бидете љубоморни.

8. Немојте да бидете тажни поради разделба.

9. Незадоволството и жалењето не се добри ни за вас, ни за другите.

10. Не дозволувајте си да ве водат страста и љубовта.

11. Не претпочитајте ништо.

12. Бидете рамнодушни за тоа каде живеете.

13. Не го бркајте вкусот на добрата храна.

14. Не чувајте ги нештата кои повеќе не ви се потребни.

15. Немојте да делувате според обични верувања.

16. Не собирајте оружја и не вежбајте со нив повеќе отколку што е потребно.

17. Не плашете се од смртта.

18. Не барајте да поседувате добра или земја кога ќе остарите.

19. Почитувајте го Буда и другите богови без да се надевате на нивна помош.

20. Можеби ќе го напуштите телото, но морате да ја зачувате вашата чест.

21. Никогаш не оттргнувајте се од патот.

Погледнете ги и овие индиски правила кои ќе ви помогнат да го прифатите животот каков што е.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар