2019-та нема да ви биде добра година, освен ако...

2019-та нема да ви биде добра година, освен ако…

2019-та нема да биде вашата година ако не се надевате дека нештата ќе станат подобри. Треба да имате верба во вашата иднина. Треба да продолжите да се движите напред, дури и кога мислите дека забавувате. Без разлика што ви приредила 2018-та, не смеете да изгубите надеж. Не смеете да ги намалите вашите очекувања и стандарди. Не смеете да ги прескокнете одлуките оваа година бидејќи сте ги заборавале секоја претходна. Треба да се ослободите од песимизмот. Треба да верувате во себе бидејќи вие сте способни за големи нешта. Вашите сакани го знаат тоа, но дали вие го знаете?

2019-та нема да биде вашата година

2019-та нема да биде вашата година освен ако не работите напорно. Не смеете да одолговлекувате. Не можете да ги оставите соништата да чекаат до утре. Размислувањето нема да ве одведе никаде доколку не преземете нешто. Дозволено ви е да се одморите кога имате потреба од тоа, но не смеете да минувате месеци на креветот без да се помрднете. Не смеете да го минувате целото слободно време со пријателите и во пиење за да ги заборавите обврските. Станувате постари. Потребно е да бидете одговорни. Потребно е да создавате додека не го стигнете местото што ве прави среќни. Сепак, никој нема да ви го подари успехот. Треба сами да ја следите вашата страст. Треба самите да најдете значење.

2019-та нема да биде вашата година ако не научите да се сакате себеси. Не смеете да бидете строги кон себе по секоја мала грешка. Не смеете да користите негативни зборови за да се опишете. Не смеете да помислите дека сте им товар на луѓето кои ве сакаат најмногу. Вие сте убаво човечко битие. Имате недостатоци и лоши навики, но свесни сте за нив и се обидувате да ги отстраните. Се обидувате, а тоа е најважното. Оваа година престанете да бидете престроги кон себе. Одлучете дека заслужувате љубов, среќа и успех, а потоа тргнете по овие нешта.

2019-та нема да биде вашата година доколку не направите промена. Следната година ќе биде повторување на оваа ако ја следите истата рутина, се дружите со истите луѓе и продолжувате по истиот пат. Ако сте несреќни, откријте што треба да се промени и потоа работете на тоа. Никогаш не е доцна за промена на кариера, крај на врска или преселување во друга држава. Дозволено ви е да правите промени. Овие промени ќе го направат вашиот обичен живот неверојатен.

Дознајте и како конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар