20 знаци кои покажуваат дека сте веќе развиена личност
Постои забележителна разлика помеѓу развиените, свесни луѓе и неразвиените, несвесни луѓе. Еволуирањето е процес кој почнува со свесното будење. По будењето не можете да останете личноста којашто сте биле порано. Кога ќе нурнете длабоко во себе ќе ги најдете доказите дека сте се развиле и промениле. Ако сè уште не можете да ги најдете, овие знаци ќе ви помогнат да сфатите дека сте веќе развиена личност.
1. Знаете кои сте
Според психолошката теорија за идентитет, постојат четири развојни фази на идентитетот. Во првата фаза немате идентитет и ја прифаќате која било идеологија на која ве научиле родителите. Во втората фаза почнувате да го ширите вашиот круг, но пасивно следите без испитување. Во третата фаза доживувате криза на идентитетот. Сфаќате дека сте копирале и сте следеле целиот живот. Почнувате да се сомневате во своите избори и вредности. Поради ова почнувате да истражувате нови животни стилови, верувања, пријатели и култура. Многу луѓе заглавиле во третата фаза и имаат трајна криза на идентитетот. Во четвртата фаза сте ја надминале кризата и самостојно сте го одредиле вашиот идентитет, односно идеологија, кариера, вредности и слично.
2. Знаете што сакате
Како развиена личност вие сте посветени на некој пат во животот. Знаете што точно сакате. Постојат два вида креирање – ментално и физичко. Можете да ја креирате вашата идеална судбина и да ја следите без скршнување од патот. Бескрајното истражување е завршено. Подготвени сте да навлезете подлабоко.
3. Чувствувате дека сте онаму каде што треба да бидете
Се чувствувате како да имате некакво водство. Вие сте на вистинско место и на вистинскиот пат. Во согласност сте со вашите желби и го манифестирате животот што треба да го живеете.
4. Верувате дека имате влијание над настаните во вашиот живот
Свесни сте дека вие, а не некој или нешто друго, го контролирате вашиот живот. Верувате дека сте одговорни и дека имате моќ да направите што сакате.
5. Вашиот живот има ваши услови
Вие сте отпорни на програмите на другите. Секој момент го поминувате правејќи го она што вие го сакате. Имате работа што ја сакате, поминувате време со луѓе што ги сакате. Го контролирате вашиот распоред, а не тој вам.
6. Вашиот живот е едноставен
Сте си го поедноставиле животот. Не брзате никаде и присутни сте во моментот. Повеќе ги сакате искуствата отколку материјалните нешта.
7. Вашите цели се остваруваат веднаш штом ги поставите
Веќе знаете како брзо да ги постигнете посакуваните резултати. Ако верувате, ќе го добиете тоа што го сакате.
8. Ги привлекувате вистинските луѓе во вашиот живот
Се движите кон вашата поголема цел и ви изгледа како секогаш да ви се појавуваат луѓето што ви требаат во тој момент.
9. Често очекувате да се случи чудо
Сметате дека сте среќна личност и дека чудата редовно се случуваат во вашиот живот. Тоа е природната состојба на вашиот ум. Ви се појавуваат ретки можности и речиси и да не постојат пречки.
10. Одвојувате време за рефлексија и медитација
Вие наоѓате начин да бидете сами. Секој ден одвојувате време само за себе и си создавате простор за размислување. Ова го прават многу креативни луѓе. Секој ден медитирате, се молите или ги анализирате вашите мисли. На овој начин наоѓате инспирација.
11. Внимателни сте со вашето време
Многу често одбивате покани. Јасно ви е дека секој ден се случува нешто, но одбирате каде ќе го вложите вашето време. Правите само работи што ви се навистина важни.
12. Секојдневно правите нешто со што ја создавате посакуваната иднина
Никогаш не одложувате. Секој ден ја гледате иднината што ја сакате и напорно работите за да стигнете таму.
13. Чувствувате оддалеченост од луѓето со коишто некогаш сте се дружеле
Нормално е да се чувствувате оддалечено од пријателите од минатото. Ова е можеби најтажниот дел од созревањето. Во текот на патувањето, секоја личност морала да се раздели од луѓето кои само ја држеле во место.
14. Постојано барате промена
Постојано барате и ја прифаќате промената. Ја сакате трансформацијата. Сакате да негувате нови навики. Сакате да се впуштите во нешта што ве предизвикуваат.
15. Преземањето ризици ви предизвикува задоволство
Се чувствувате навистина живо кога сте соочени со нешто ново. Вљубени сте во моментот кога правите нешто што ве плаши. Вие се осмелувате да правите работи за кои другите не ни сонуваат.
16. Ја забележувате скриената вистина
Вие ја воочувате поврзаноста и суптилната вистина во сè. Животот е ваш учител. Длабоко сте поврзани со универзумот и ги забележувате и најмалите пораки и конекции.
17. Свесни сте за храната што ја консумирате
Јасно ви е дека храната влијае на телото, умот, емоциите, односите… Внимавате на вашата исхрана и голема е веројатноста да сте вегетаријанец или веган.
18. Се грижите за другите, но не за тоа што тие мислат за вас
Често се грижите за доброто на другите. Но, воопшто не ви е грижа за нивното мислење за вас. Туѓата перцепција никогаш не управува со вас.
19. Не се споредувате со другите
Повеќе немате потреба од споредби. Знаете дека имате единствен идентитет и дека никој не може да го направи она што го правите вие. Имате мисија во животот која можете да ја исполните само вие. Поради ова, нема потреба од никаква споредба.
20. Искрено им го посакувате најдоброто на другите
Навистина сте среќни кога некој ќе успее, но сте и тажни ако некој се соочи со неуспех. Туѓиот успех го гледате како заеднички. Навистина им го посакувате најдоброто на сите, дури и на вашите непријатели. Имате љубов за секој човек на Земјата и кај вас не постојат омраза, завист и лаги.
Прочитајте и нешто повеќе за симптомите на духовното будење.