20 знаци кои покажуваат дека сте „светлински работник“
„Светлинските работници“ се луѓе чија цел е да го разбудат човештвото. Тие се исцелители и духовни учители. Многу често овие луѓе ја забораваат нивната цел и не го користат својот вистински потенцијал. Сепак, кога повторно ќе се вратат на вистинскиот пат, нивната моќ е поголема и можат да го следат својот повик. Постојат неколку карактеристики кои ги делат овие луѓе, па погледнете дали и вие спаѓате овде.
1. Знаете дека сте живи поради некоја поголема цел, цел која е директно поврзано со будење и трансформирање на вашиот и животот на другите. Знаете дека треба да помогнете да се зголеми колективната свест на човечките битија.
2. Интуитивни сте и имате некоја внатрешна мудрост уште од најрана возраст. Филозофи сте и често сте ги збунувале луѓето со вашето знаење за ваша возраст.
3. Иако лесно се поврзувате со луѓето и сакате да им помагате, најчесто сте самотник. Чувствителни сте на енергијата на другите и не можете да ја апсорбирате наеднаш.
4. Во младоста сте доживеале многу трауми, предизвици и други тешкотии. Јасно ви е дека нивната цел не била да ве повредат, туку да ве направат исцелителот којшто сте сега.
5. Постојано сте на мисија да го подобрите вашиот и животот на другите. Сакате да откриете што треба да се поправи и како да ги исправите работите. Иако понекогаш изгледате како перфекционист, ако ја користите правилно оваа особина е неверојатен дар.
6. Иако некогаш можеби сте имале проблеми со ментални болести, сте сфатиле дека тоа било адаптирање на вашите околности наместо внатрешни проблеми. Сте сфатиле дека дел од вашата задача е да го смените начинот на кој луѓето го гледаат менталното, емоционалното, физичкото и духовното здравје.
7. Ја цените духовноста, но не сте религиозни. Дури и ако ги користите принципите на некои учители, вашиот фокус секогаш е будењето на божественото во секој човек. Сакате да им помогнете на другите да ја согледаат нивната неограничена моќ, потенцијал и способност за лекување.
8. По природа сте креативни и вашите процеси на лекување често вклучуваат некаков вид уметност.
9. Вие сте стара душа. Мудри сте и зрели и изгледате како да сте преживеале многу животи и покрај тоа што сте премногу млади за да се однесувате така.
10. Секогаш сте биле многу поразлични од семејството и од пријателите. Поради ова можеби ви било тешко да го пронајдете вашето „племе“ или да се адаптирате некаде.
11. Постојано размислувате за вашата свест и за вашиот живот. На вашето патување кон будењето постојано ги согледувате работите кои другите луѓе ги игнорираат или одрекуваат.
12. Многу лесно манифестирате. Кога ќе се фокусирате или кога ќе замислите нешто, го добивате или го создавате за многу краток период.
13. Вашата силна енергија е и благослов и клетва. Мора да бидете внимателни на што ќе се фокусирате бидејќи лесно можете да манифестирате нешто лошо во вашиот живот.
14. Природно сте привлечени од древни духовни текстови за енергија. Повеќе ги сакате источните филозофии отколку западните.
15. Многу лесно предвидувате што другите мислат, чувствуваат или им е потребно.
16. Знаете дека сте овде во овој живот за да ги промените старите шеми на вашата карма. Знаете дека треба да откриете ново ниво на свесност. Јасно ви е дека вашата цел овде не е само работа или задача, туку можност да станете личноста која треба да бидете.
17. Вашата главна цел е вашиот развој. Секогаш се фокусирате на тоа како да станете подобри, а знаете дека најдобрите години се пред вас.
18. Чувствувате силна поврзаност со природата и верувате дека таа е најлесниот начин да се поврзете со изворот.
19. Некогаш во животот сте искусиле интензивно духовно будење. Вашиот свет се срушил и сте биле присилени да се исчистите од ограничените верувања кои ве држеле назад. Сфаќате дека будењето може да биде тежок, понекогаш и болен процес, но тоа е неопходно.
20. Чувствувате дека сте дел од глобален обид за подигнување на свеста на луѓето. Ова не значи дека вие сте просветлени, а другите не. Ова само укажува дека вие порано сте ги научиле вашите лекции и сега треба да им помогнете на другите да го направат тоа.
Постојат 12 видови светлински работници. Погледнете во која група спаѓате вие.