20 знаци дека животот ви е подобар отколку што мислите

20 знаци дека животот ви е подобар отколку што мислите

Можеби не сте задоволни од вашиот живот. Не ви се допаѓа работното место, немате партнер, сакате повеќе пријатели… Но понекогаш не сме свесни дека работите не се толку лоши. Вашиот живот речиси сигурно е подобар отколку што мислите, а ова се знаците кои ќе ви го покажат тоа.

20 знаци дека животот ви е подобар отколку што мислите

1. Ги плативте сметките овој месец, па можеби дури и си купивте нешто.

2. Се сомневате во себе. Се сомневате во вашиот живот. Понекогаш се чувствувате мизерно. Ова е знак дека уште сте подготвени за созревање. Ова значи дека можете да бидете објективни и свесни за себе.

3. Имате работа. Без разлика колку часа и колкава плата, вие заработувате пари кои ви помагаат да јадете нешто, да спиете во нешто и да носите нешто. Не е неуспех ако моментално не изгледа како што сте си замислиле. Вие ја цените вашата независност и преземате одговорност.

4. Имате време за нешто што го сакате. Дури и ако тоа е само седење и гледање серии.

5. Не се грижите од каде ќе дојде следниот оброк. Имате храна во фрижидерот и имате доволно за да одбирате што ќе јадете.

6. Можете да јадете бидејќи уживате во тоа. Не станува збор за гол опстанок.

7. Имате еден или двајца блиски пријатели. Луѓето често се грижат за квантитетот, но сфаќаат дека најважна е интимноста, прифатеноста и радоста. На крајот, сите сакаме само неколку блиски луѓе кои навистина нè познаваат и сакаат.

8. Можевте да си дозволите возење со автобус, шолја кафе или бензин ова утро. Најситните нешта кои ви се потребни ви се на дофат.

9. Не сте истата личност како пред една година. Учите, еволуирате и можете да ги идентификувате начините на кои сте се промениле.

10. Имате време и услови да направите нешто повеќе. Можеби сте отишле на концерт, сте си купиле книги, сте отишле на некое патување. Нема потреба постојано да работите за да преживеете.

11. Имате повеќе парчиња облека. Не мора да се грижите дали ќе имате ракавици за во зима или летна облека за топлите денови. Не само што можете да си го заштитите и украсите телото, туку можете да го правите тоа за разни прилики.

12. Чувствувате што не е во ред во вашиот живот. Првиот и најважен чекор е да бидете свесни. Важно е да знаете кога нешто не е во ред и што треба да промените.

13. Ако можете да зборувате со вашата помлада верзија, ќе можете да си кажете: „Успеавме, го преживеавме тоа ужасно нешто“. Многу често луѓето ги носат траумите од минатото во сегашноста. Дозволете ѝ на личноста којашто сте сега да му каже на вашето внатрешно дете дека ќе биде во ред.

14. Имате ваш личен простор. Не мора да биде дом или апартман. Сè што ви е потребно е соба, или само едно биро кое е само ваше и кое е дел од вашиот мал свет.

15. Сте изгубиле врски. А уште поважен е фактот дека сте ги имале. Сте се отвориле кон тоа дека можеби надвор ве чека нешто друго.

16. Заинтересирани сте за нешто. Без разлика дали тоа е како да бидете посреќни, како да имате подобри врски, читање, филмови или секс. Постои нешто кое ве интересира и кое сакате да го истражите.

17. Можете да се грижите за себе. Знаете колку часови сон ви се потребни, кого да му се јавите кога сте тажни, што да направите кога не се чувствувате добро…

18. Работите кон некоја цел. Дури и ако сте изморени и целта ви изгледа навистина далеку, вие имате некој сон кој го следите.

19. Но, знаете да направите и компромис за иднината. Некои од најсреќните луѓе се оние кои знаат секоја ситуација да ја направат идеална. Тоа се луѓето кои уживаат во моментот, па забораваат да испланираат само еден исход.

20. Сте поминале низ тежок период. Погледнете ги предизвиците со кои се соочувате сега и споредете ги со оние за кои сте мислеле дека никогаш нема да ги надминете. Учете од вашите искуства. Животот не станал полесен, туку вие сте станале попаметни.

Погледнете ги и овие знаци за успешен живот кои не се поврзани со пари и слава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар