20 знаци дека сте посреќни отколку што мислите
Понекогаш да се биде среќен може да изгледа како задача, особено ако сте депресивни, страдате од анксиозност или пак, ако сте под долготрајно влијание на стрес. Но, и покрај сѐ, чувствувате дека се обидувате да ги надминете овие тешки моменти и да се вратите повторно на патот на среќата. Вистината е дека таа не е дестинација, туку е составена од сите можности кои во секој момент се појавуваат пред вас. Погледнете ги наредниве 20 знаци дека сте посреќни отколку што мислите…
1. Чувството на среќа не го гледате повеќе како задача.
2. Не се фокусирате целосно на вашите проблеми.
3. Вашите врски не се толку драматични.
4. Веќе не се жалите и не ги обвинувате другите за вашата ситуација.
5. Вашите соништа почнуваат да се остваруваат.
6. Знаете дека животот не треба да биде тежок.
7. Знаете точно кои сте и знаете дека го правите најдоброто што можете.
8. Често се смеете, дури и кога сте сами со своите мисли.
9. Чувствувате мир во вашето срце.
10. На животот гледате како на една голема авантура и почнувате да бидете поопуштени кога се соочувате со непознатото.
11. Не се сфаќате себеси премногу сериозно.
12. Ги чувствувате вашите емоции во целост и си дозволувате да функционирате со нивна помош.
13. Повеќе сте наклонети кон љубовта отколку кон стравот.
14. Почнува да ви биде пријатно и во тишина.
15. Вие сте љубезни кон себе во вашите мисли.
16. Им дозволувате на луѓето да бидат оние кои навистина се, без да се обидувате да ги промените.
17. Не ги сфаќате работите премногу лично, бидејќи свесни сте дека универзумот не се врти околу вас.
18. Давате без да очекувате ништо за возврат.
19. Ризикувате со вашето срце.
20. Не се помирувате.