20 знаци дека сте напредна личност: Последниот е врв на сите достигнувања

20 знаци дека сте напредна личност: Последниот е врв на сите достигнувања

Постои голема разлика меѓу напредните и свесни луѓе и оние кои имаат помалку развиена свест, како за себеси, така и за околината. Развојот на една личност почнува со свеста за будење. По будењето никогаш повеќе нема да бидете истата личност од претходно. Кога ќе се посветите на својот развој и ќе се нурнете во својот раст, многу брзо ќе станете свесни за својата промена на подобро. Ние ви нудиме листа од 20 знаци кои ќе ви покажат дека сте се развиле во напредна и квалитетна личност.

(1) 20 знаци дека сте напредна личност: Последниот е врв на сите достигнувања

1. Знаете кои сте

Според психолошката теорија на идентитетот, постојат четири фази од неговиот развој. Во првата немате идентитет туку слепо прифаќате секакви идеологии, во втората почнувате да го ширите својот круг и пасивно ги следите општествените текови, во третата доживувате криза на идентитетот, тука сфаќате дека сте се залажувале, сте копирале туѓи идентитети и почнувате да се сомневате во своите избори и вредности. Тоа доведува до потреба да почнете нешто ново. Она што недостасува во оваа фаза кај повеќето луѓе е поголема посветеност и длабочина. Наместо тоа, работите се сведуваат на бескрајна потрага. Повеќето луѓе заглавуваат во трајна криза на идентитетот, затоа што всушност не знаат кои се. Во четвртата фаза веќе сте ги искусиле горките вкусови од третата фаза и сте ја надминале кризата на идентитет и самостојно сте си одбрале да следите една линија. Продолжувате да истражувате во тој правец, но тоа истражување веќе се темели на основни уверувања и јасни чувства за тоа кои сте и што е вашата цел во животот.

2. Знаете што сакате

Вие знаете што сакате и токму во тој правец го водите вашиот живот. Во сè постојат две креации: ментална и физичка креација. Можете да си ја дизајнирате својата идеална судбина и доследно да одите кон нејзиното реализирање без притоа да го менувате правецот, затоа што посветено работите на своите цели. Бескрајното истражување е предизвик за вас. Вие сте подготвени да одите длабоко и далеку.

3. Чувствувате дека сте онаму каде што треба да бидете

Како развиена личност ја чувствувате смислата на својот живот и чувствувате контрола над нештата што се случуваат. Вие сте на вистинското место и на вистинскиот пат. Тоа е многу повеќе од обично верување, вие сте сигурни за позицијата на која се наоѓате во моментов. Во склад сте со своето битие и го живеете животот за којшто сте создадени.

4. Верувате дека имате контрола над животот

Како развиена личност, вие имате чувство дека сте владетели на својот живот. Контролата над нештата е во ваши раце, а не кај некои надворешни фактори. Верувате дека вие сте одговорни и според тоа имате моќ да создадете сè што ќе посакате за својата иднина.

5. Ваш живот – ваши правила

Како развиена личност, вие сте отпорни на шемите поставени од другите луѓе. Секој момент го минувате правејќи ги и работејќи ги нештата кои вистински ги сакате. Го минувате времето со луѓето кои ви значат и со кои се чувствувате пријатно. Заработувате онолку колку што сакате. Сами си го организирате распоредот и не дозволувате нештата да ве надвладеат.

6. Вашиот живот е едноставен

Развиените личности имаат многу едноставен живот. Уметноста на живеењето според нив е да се забави темпото и да се ужива во мирисот на цвеќето. Едноставно вие не брзате низ животот. Вие сте главниот актер во него и повеќе сакате искуства, отколку материјални нешта. Сите работи кои ве одвраќаат од замислениот успех сте ги отстраниле од животот, а оние кои сте ги оставиле имаат своја смисла и цел.

Едноставноста е крајна софистицираност“ – Леонардо да Винчи

7. Многу брзо ги остварувате вашите цели

Како развиена личност вие сте поврзани со вашиот извор. Сте научиле како брзо да ги постигнете резултатите коишто ги посакувате. Досега сте научиле дека доколку цврсто верувате во своите цели, тие ќе се остварат.

8. Ги привлекувате вистинските луѓе во својот живот

Вие, како развиена личност ги привлекувате вистинските луѓе во својот живот. Се движите кон големата визија и се чини дека потребните врски и ментори се појавуваат точно на време, кога вистински ви се потребни. Како што рекол Буда:

„Кога ученикот е подготвен, ќе се појави учителот.“

9. Верувате дека чудата често се случуваат

Очекувате во вашиот живот да се случуваат среќа и чуда. Тоа е ваша природна состојба на умот. Нештата се одвиваат полека. Се појавуваат ретки можности. Но, вие сепак очекувате, верувате и на крајот најчесто ви се остваруваат и најневеројатните сништа. Доколку во вашиот живот не ви се случуваат чуда, тоа значи дека не сте во склад со себе и со својот извор.

10. Секој ден посветувате време за разговор со себе и за медитација

Вие секогаш наоѓате време, барем кратко да останете сами со себе. Тоа е главна одлика и потреба на големите луѓе. Да најдете време за себе во ова брзо секојдневие, значи дека знаете да застанете спроти сите бури и да ѕирнете во својата душа. Оттаму доаѓаат сите инспирации и идеи.

(2) 20 знаци дека сте напредна личност: Последниот е врв на сите достигнувања

11. Внимавате како го минувате времето

Вие често велите „не“ на голем број повици и можности. Вие сфаќате дека неверојатни нешта се случуваат секој ден, само треба малку повеќе да се отворат очите за да се види таа магија. Затоа вашето време го посветувате на нештата кои навистина ви се важни.

12. Секој ден правите по некоја ситна работа за да дојдете до големиот успех

Едноставно работите на остварување на личниот успех. Од личност која само сонува се претворивте во личност која дејствува. Секој ден правите по еден или неколку чекори нанапред, градејќи ја иднината во каква што сакате да живеете.

13. Чувствувате разлика меѓу вас и луѓето со кои некогаш сте се дружеле

Како развиена личност, чувствувате јаз меѓу себе и луѓето со кои сте минувале повеќе време во минатото. Тоа е можеби една од најтешките ситуации при еволуцијата на личноста. Во некој момент од своето животно патување, развиената личност која станува повеќе свесна за себе од останатите луѓе, мора да се раздвои со дел од нив. Откако ќе сфатите кои сте и на каде оди вашиот пат, ќе ја согледате големата разлика меѓу вас и оние кои порано биле дел од вашиот пат. Многу често се случува токму тие луѓе да го попречувале вашиот развој.

14. Постојано барате промена

Постојано сте во потрага по промени и со леснотија ги прифаќате. Сакате трансформација. Сакате нови навики, едноставно ви пречи секојдневната рутина. Сакате предизвици, затоа што сте свесни дека само на тој начин можете да растете како личност.

15. Уживате во преземање ризици

Вие сте развиена личност и се чувствувате посебна возбуда кога влегувате во одредена неизвесност и во ново искуство за вас. Знаете дека се обидувате да успеете во нешто, за што другите никогаш не размислувале.

Кога престануваме да ризикуваме, престануваме да живееме“ – Робин Шарма.

16. Ја забележувате скриената вистина

Вие со леснотија ја забележувате скриената вистина и поврзаноста на работите. Животот е вашиот учител. Вие сте длабоко поврзани со универзумот и реагирате дури и на најмалите врски и поуки.

17. Свесни сте за храната што ја јадете

Секој аспект од вашиот живот влијае на целината. Според тоа, свесни сте дека храната влијае на умот, емоциите, духот, односите и на сè останато. Многу често, луѓето со особено развиена свест се вегетаријанци или вегани.

18. Се грижите за луѓето, но не ви е грижа што тие мислат за вас

Интензивно се грижите за луѓето и давате сè од себе за туѓата среќа, здравје и благосостојба. Меѓутоа, не ви е грижа што другите мислат за вас.

19. Повеќе не се споредувате со другите

Ниту се споредувате, ниту се натпреварувате со останатите луѓе. Бидејќи имате високо развиена свест, сфаќате дека вие сте единствени. Имате своја лична мисија којашто само вие можете да ја остварите. Затоа нема причина да ги копирате другите луѓе. Нема натпревари, вие сте креатор и реализатор.

20. Искрено го посакувате само најдоброто на сите луѓе

Знаете да се радувате на туѓите успеси и да бидете тажни за туѓите неуспеси. Вие искрено им го посакувате само најдоброто на сите. Чувствувате љубов кон секоја личност и сте ослободени од омразата, зависта и изневерувањата.

Заклучок

Развиените луѓе го менуваат светот. Тие живеат посреќен, поедноставен и попродуктивен живот. Најубавиот дел од личниот раст е што можете да ги видите плодовите и успесите во својот живот како потврда дека сте станале личноста и ја остварувате мисијата за којашто сте се родиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар