20 видови момци кои тотално вредат за вашето време
Понекогаш девојките покрај себе имаат неверојатно добро момче, но тие поради некоја причина изгледа не го забележуваат тоа. Доколку сте во врска, или пак само се состанувате со некој, тогаш обидете се да откриете дали и вашиот партнер е еден од оние момци кои навистина заслужуваат шанса од вас.
1. Тој кој ви испраќа цвеќиња без причина. Или затоа што сака да ве покани на состанок. Или затоа што сте имале лош ден. Тој мисли на вас и сака да се потруди да ве освои! Зошто толку тешко го забележувате тоа?
2. Тој кој го прави она што ќе каже дека ќе го направи. Тој ви се јавува кога ви рекол дека ќе се јави и однапред прави планови според кои се придржува. И доколку се случи нешто да го спречи во овие планови, тој искрено ќе се извини и ќе ви ја објасни детално целата работа.
3. Тој кој ви се јавува следниот ден откако ќе се видите. Тој е сигурно еден од ретките на оваа планета кои сè уште се јавуваат наместо да пишува на социјалните мрежи, па тоа е и една од причините зошто треба да го задржите покрај себе.
4. Тој кој бара од вас да бидете во сериозна врска. На почетокот вие сте без зборови бидејќи до неодамна сте се гледале со некој со кој никогаш не сте знаеле на што сте, па токму затоа ова момче предизвикува да се чувствувате како да сте единствената жена на овој свет за него. Секоја жена би требало да се чувствува на овој начин!
5. Тој кој знае што сака и како да го добие тоа. Доколку и вие се сметате за личност која знае што сака и е свесна за начините на кои може да го добие тоа, тогаш вам ви е потребен маж со истата карактеристика инаку нема да може да ве следи во секој чекор низ животот.
6. Тој кој едвај чека да ве запознае со своите пријатели и семејството. Конечно вие сте оние кои имаат можност јавно да ја покажат својата љубов!
7. Тој кој наоѓа време да ги запознае и вашите пријатели. Тие нема да си заминат од вашиот живот, па доколку и тој сака да не си замние, тогаш дефинитивно треба да најде време да ја открие својата позиција во вашиот потесен круг пријатели.
8. Тој кој обожава да поминува време со своето семејство. Исто така тој сака да поминува време и со вашите родители и браќа/сестри бидејќи се чувствува како веќе да е дел од семејството. Тој нема да превртува со очи кога вашите најблиски ќе ве „полудуваат“ вас или него бидејќи премногу ги почитува.
9. Тој кој планира однапред. Не постои ништо посекси од маж кој може да го помине состанокот без постојани прекини од неговиот мобилен телефон. Едно од непишаните правила на љубовните состаноци е тоа дека мажот треба овие неколку часа целосно да ги посвети на девојката која е пред него, а не да ја помине вечерта зборувајќи или праќајќи пораки на својот смартфон.
10. Тој кој ги дели вашите вредности. Не е важно колку сакате некого, доколку тој не ги цени истите работи како и вие (каде би живееле, дали да имате деца или не, како да ги менаџирате вашите финансии), врската помеѓу вас нема да може да успее.
11. Тој кој ги гледа вашите омилени ТВ серии само затоа што со тоа ве прави среќна. Тој најверојатно потајно ја сака „New Girl“ (зарем има некој кој не ја сака?), па токму затоа и двајцата добивате нешто од оваа ситуација.
12. Тој кој не се гледа со други жени додека е неофицијално со вас. Овој маж има морални вредности и размислува за добросостојбата на другите луѓе. Секој маж во вашиот живот треба да има одреден степен на учтивост.
13. Тој кој е подготвен на компромиси. Бидејќи не се врти сè околу него и тој е доволно самоуверен за да го сфати тоа.
14. Тој кој е подготвен да прави жртви за вашата врска да успее. На пример, вие сте ја добиле работата од соништата во друга држава, а тој уште пред да го прашате веќе ги пакува куферите и се подготвува да замине со вас.
15. Тој кој ви кажува како навистина се чувствува. Зборувањето за вашите чувства е едно од најважните нешта во врската, дури и покрај тоа што луѓето забораваат на тоа во последно време. Вие не треба да бидете единствените кои разговарате искрено за тоа што го чувствувате во врската.
16. Тој кој не се обидува, ниту пак сака да ве промени. Тој мисли дека сте секси и неверојатни, понекогаш можеби и малку луди, но сепак тој никогаш не би ве менувал!
17. Тој кој смета дека сте најсекси во фармерки и маичка. Дури и кога не носите шминка и вашата коса е бушава, тој во вас гледа прекрасна девојка. За време на викендот, дури и кога ги носите вашите „удобни“ алишта, тој едноставно не може да ги оттргне рацете од вас.
18. Тој кој слуша. Тој знае кој е вашиот омилен вкус на сладолед и ја памти секоја приказна која сте му ја раскажале од вашето детство, бидејќи кога зборувате, сè останато околу него исчезнува.
19. Тој кој кога ве бакнува се чувствувате како вашиот живот да е филм. И кој не сака да се чувствува така?
20. Тој кој сака да му бидете сопруга. Тој го гледа вашиот потенцијал и никогаш не ве зема здраво за готово. Тој цел живот барал личност како вас и токму затоа нема да дозволи лесно да му избегате од раце.