20 суптилни прашања кои ги поставувате само кога сте заљубени

20 суптилни прашања кои ги поставувате само кога сте заљубени

Доколку сакате да знаете дали сте навистина заљубени во својот партнер, тогаш запрашајте се колку од овие прашања секојдневно му/ѝ ги поставувате…

20 суптилни прашања кои ги поставувате само кога сте заљубени

1. „Како спиеше?“

Само личноста која е заљубена се грижи колку часови сте спиеле и дали душекот ви бил удобен. Само онаа личност која сака да ги поминува ноќите покрај вас може да разбере точно што значи лошиот сон за вашиот нов ден.

2. „Како ти помина денот?“

Денот на вашиот партнер е и ваш ден, па токму затоа доколку тој/таа имал/a лош ден, одеднаш и вам денот не ви е толку добар. Вашиот заеднички живот вклучува споделување на доживувањата без разлика дали тие се добри или лоши.

3. „Што јадеше за ручек?“

Тие знаат точно што сакате, а што не и токму затоа сакаат да знаат дека сте уживале за време на ручекот. Но, исто така и поради фактот што тоа што го внесувате во вашето тело сега директно влијае и на него/неа.

4. „Како беше на работа?“

Единствените луѓе кои се грижат за вашата работа се родителите и партнерот. Бидејќи понекогаш е многу досадно да се слушаат сите оние нешта кои се случуваат на работа, само онаа личност која навистина ве сака ќе може да ве ислуша до крај.

5. „Што сакаш да јадеме?“

Дури и да сакате нешто поразлично од него/неа, вашата среќа секогаш е на прво место. Вашиот партнер ќе порача суши дури и ако е расположен/а за пица. Токму тоа е знак за вистинска љубов.

6. „Да не ти треба нешто?“

Толку едноставно прашање, но исполнето со многу љубов. Личноста која е заљубена секогаш кога оди во маркет ги има и вашите потреби на ум.

7. „Како си помина вчера вечер?“

Вашиот партнер не го интересира драмата од вечерта, како вашите пријатели, туку сака да знае како вие сте си поминале на излегувањето. Тој/таа сака да ја замисли ноќта преку вашите очи, исто како да бил/а покрај вас.

8. „ Си зема капа?“

Доколку вам ви е ладно и на вашиот партнер му е ладно. Нивната љубов е толку длабоко во нивниот крвоток што доколку вие се тресете и тие почнуваат да се тресат покрај вас.

9. „Доволно ти е топло?“

Вашиот партнер се грижи да не ви биде ни премногу топло, ни премногу ладно и токму затоа понекогаш ја модификува температурата во домот дури и ако на него му е добра.

10. „Како е мајка ти?“

Вие сте дел од него/неа сега, па токму затоа грижата за здравјето на неговите/нејзините родители истовремено станува и ваша грижа.

11. „Кога ќе се вратиш дома?“

Без разлика дали е 9 сабајле, 4 попладне или 2 по полноќ, тој/таа сака да знае кога ќе се вратите дома со цел да може повторно да започне со дишење. Ова едноставно прашање е исполнето со многу посакувања и желби.

12. „Сакаш јас да возам?“

И покрај тоа што е 4 часот по полноќ и вашиот партнер попрво би спиел на совозачкото седиште, сепак ќе ви дозволи вие да го направите тоа. Тој/таа сака да вози бидејќи на тој начин чувствува како да се грижи за вас.

13. „Ти се допаѓа ли вечерата?“

Тој/таа не сака да знае дали самата вечера е вкусна туку дали вие сте среќни додека ја јадете. Вашиот партнер сака да знае дека уживате бидејќи на тој начин и тој е посреќен.

14. „Да дојдам со тебе?“

И двајцата сакате да бидете во близина еден на друг и токму затоа би направиле сè за да го постигнете тоа. На вашиот партнер не му пречи да патува со вас доколку тоа значи дека ќе бидете заедно и среќни.

15. „Како можам да помогнам?“

Не постои ништо полошо од тоа да ја гледате личноста која ја сакате како пати. Вие сакате да помогнете и ќе направите сè што е во вашата моќ да го постигнете тоа, без разлика дали ќе биде успешно или не.

16. „Тоа е ново?“

Само некој кој е заљубен ги забележува суптилните разлики во вашата гардероба, коса или накит. Тој/таа обожава да ве набљудува и проучува, па токму затоа никогаш нема да ги пропушти новостите на вас.

17. „Ти се спие?“

Вашиот партнер сака да знае како се чувствувате и ако сте уморни би ве лулкал сè додека не заспиете. Оваа личност се грижи за вас, ве заштитува и знае дека ако не спиете доволно нема да ја сонувате.

18. „Сакаш да останеш вечерва?“

Не станува збор само за поминување една вечер во неговиот/нејзиниот дом, туку за целосно заборавање дека светот постои. Оваа вечер постоите само вие двајца и вашата љубов.

19. „Добро ти беше?“

Не станува збор за неговиот/нејзиниот оргазам, туку за вашиот. Тој/таа сака прво да ве задоволи вас, а потоа да мисли на себе.

20. „Зошто?“

Бидејќи. Бидејќи само личноста која е целосно заљубена преминува на ова второ прашање. Тој/таа е личноста која доволно се грижи за вас за подетално да ве истражува и не само што сака одговор, туку и копнее по него. Вашиот партнер секогаш сака да го знае одговорот на прашањето „Зошто?“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар