20 работи за кои никому не му должите извинување
Понекогаш извинувањето претставува желба за полесно вклопување и прифаќање од страна на другите, на сметка на личните верувања, мислења и потреби. И секогаш се чини дека кога работите нема да излезат по планираното, најлесниот пат кон самооправдување е простото „Извини“.
Но, што станува кога не сакаме да се извиниме, што понекогаш е сосема коректно? Всушност, кога ќе сфатиме дека не секогаш треба да се извинуваме, стануваме многу посамоуверени и психички помоќни. Се чувствуваме поудобно во сопствените избори и не ни е потребно туѓото одобрување и прифаќање.
Па, во знакот на самодовербата и личното достоинство, еве ги 20-те нешта за кои никому не му должите извинување.
1. Ставањето на себеси на прво место.
2. Откажувањето од нешто што и онака веќе не функционира.
3. Формата и големината на вашето тело.
4. Вашите уникатни навики и карактерни црти.
5. Нешто што не испаднало онака како што сте си го замислувале. Во ред е да ја смените насоката.
6. Личните избори.
7. Грижата за себе и вашето здравје.
8. Правењето што сакате и кога сакате.
9. Тоа што понекогаш не сте расположени за журки и луда забава.
10. Раскинувањето со партнерот, кој и онака не бил вистинскиот за вас.
11. Менувањето на личните верувања.
12. Тоа што не сте толку организирани, талентирани, успешни како вашиот брат/сестра.
13. Тоа што сакате да го пропатувате светот.
14. Земањето слободен ден од работа оти не се чувствувате добро.
15. Колку заработувате.
16. Грешките и неуспесите. Време е да си простите.
17. Тоа што сакате да останете дома и да бидете сами во петок навечер.
18. Тоа што сакате повеќе за себе и за вашите најблиски.
19. Вашите успеси.
20. Тоа што се сакате себеси.