20 работи што треба да ги направите за себе доколку сте сингл за Денот на вљубените
Доколку сте сингл постојат две сценарија – или сте задоволни од вашиот сингл статус и уживате во животот, или се чувствувате како да сте казнети и не можете да поверувате дека сте сами, особено на Денот на вљубените. Наместо да жалите затоа што сте сами, овој Ден на вљубените посветете го на љубовта кон себе. Следниве совети ќе ви помогнат да го подобрите вашето љубовно расположение на овој ден.
1. Направете си ден за спа. Маска за лице, пенлива купка и чаша вино се одличен начин да ја поминете вечерта.
2. Наместо вообичаените романтични комедии, изгледајте некој хорор филм. Доколку ви е страв, секогаш можете да ја викнете вашата најдобра пријателка.
3. Посетете некој нов ресторан и почестете се со вкусна вечера, и тоа целосно сами. Ќе откриете колку всушност е пријатно да бидете во ваше друштво.
4. Одете на патување, макар и сами. Ќе уживате во новата дестинација, ќе искусите нешто ново и возбудливо, а можеби и ќе запознаете некоја нова и интересна личност.
5. Купете си букет цвеќе, или парфем, или едноставно одете на шопинг.
6. Испратете ѝ чоколадо и букет цвеќе на вашата сингл пријателка.
7. Наспијте се, медитирајте, вежбајте јога. Направете нешто убаво, здраво и корисно за себе што не сте го направиле досега. Едноставно дишете длабоко и заборавете на проблемите.
8. Пронајдете некој нов бенд или изведувач и ислушајте ги сите негови албуми.
9. Дајте му шанса на онлајн состанувањето.
10. Или избришете го профилот за онлајн состанување ако подолго го користите.
11. Флертувајте.
12. Излезете некаде. Можете да посетите некој клуб или да одите на некое помирно место. Соберете ги пријателките и организирајте интересна вечер само за вас.
13. Средете го вашиот несесер. Конечно откријте колку продукти за убавина имате и исфрлете го она што ви е непотребно. Потоа купете го она што ви фали.
14. Направете го истото и со гардероберот. Можете да си направите и модна ревија за вас и да смислите нови комбинации за излегување.
15. Посветете му се на некое хоби. Пишувајте, цртајте, пејте… Всушност, направете што било креативно без разлика дали имате талент или не.
16. Купете си секси долна облека. Што ако ја гледате само вие? Целта е да се чувствувате удобно во ваша кожа и да бидете полни со самодоверба.
17. Организирајте го вашиот Инстаграм профил. Направете повеќе фотографии, најдете апликации за уредување на фотографиите и забавувајте се.
18. Променете го изгледот на вашата соба или на целиот дом. Додајте нови декорации, поместете ја покуќнината и ослободете ја имагинацијата. Дозволено е да правите сè.
19. Направете забава што ќе трае барем 24 часа. Смислете ја дневната, а потоа и вечерната програма. Готвење, филмски маратон, забава во пижами… Соберете ги сингл пријателките и забавувајте се.
20. Заборавете дека е Денот на вљубените и поминете го како и секој друг ден. На овој начин ќе се посветите на самите себе, ќе се одморите и ќе уживате. Време е да се ставите на прво место.
Прочитајте го и ова отворено писмо до сите сингл девојки за Денот на вљубените.