20 работи кои секоја девојка треба да ги знае за себе и за своето тело
Знаете ли дека девојката на чие тело сте љубоморни го чувствува истото кон друга девојка, а можеби дури и кон вас? Ако сте девојка, сигурно премногу размислувате за вашето тело, за вашите килограми и за вашите недостатоци. Потребно е да престанете со непотребните грижи и да ги научите овие 20 работи за вас и за вашето тело.
1. Некој би бил пресреќен да има одреден дел од вашето тело. Можеби имате големи гради, а сакате мали, додека некоја друга девојка има мали, а сака големи. Не се споредувајте со другите и сакајте го вашето тело онакво какво што е.
2. Не, невозможно е преку ноќ да се поправите 5 килограми од само едно парче торта. Слободно изедете го. Можете дури и 3 дена по ред да јадете торта, а потоа 2 недели да се храните здраво. Не можете ни да изгубите 5 килограми преку ноќ.
3. Сите мислат дека нивните стапала изгледаат чудно.
4. Големината на етикетата не е толку важна. Таа може да зависи од брендот, а она што е важно е како вам ви стои. Тешко е да ги оставите тие броеви настрана, но обидете се да уживате во облеката без разлика на нејзината големина.
5. Секој што прави да се чувствувате лошо за вашето тело е личност со комплекси. А постои веројатност и таа личност воопшто да не е среќна. Задоволните луѓе никогаш не прават другите да се чувствуваат лошо.
6. Водата е секогаш одличен избор. Таа прави огромна разлика во вашето тело и за тоа како се чувствувате. Секој ден редовно пијте вода.
7. Кога се чувствувате одлично, тогаш и изгледате одлично. Можеби ви звучи комплицирано бидејќи често се чувствувате добро само ако изгледате така. Но вистината е дека кога сте среќни, вие изгледате совршено.
8. Верувајте му на вашето тело кога сте гладни и јадете. Никогаш немојте да гладувате.
9. Постојат денови кога ќе гладувате и кога ќе јадете како чудовиште, а постојат и денови кога нема да чувствувате глад. Тоа е сосема нормално.
10. Само затоа што сте природно слаби не значи дека не треба да вежбате. Губењето килограми не е единствената причина за вежбање. Зголемувањето на нивото на ендорфини во телото ќе направи да се чувствувате одлично.
11. Големината не е секогаш поврзана со здравјето. Многу жени кои имаат вишок килограми се здрави, а многу кои се слаби може да бидат болни. Не судете по корицата.
12. Никој не обрнува толку внимание на изгледот на вашето тело. Загрижени сте што вашето момче сака да го остави светлото за време на секс? Не грижете се, нема да гледа во вашиот целулит.
13. Она за коешто сте најмногу несигурни, другите веројатно не го ни забележуваат. Ако сами не се пожалите за вашето тело, голема е веројатноста дека никој нема ништо да забележи.
14. Ако вашето момче не го сака вашето тело, не треба да го менувате за него. Тоа е знак дека тој не е за вас. Можеби звучи глупаво, но потребно е да најдете некој што ќе ги сака сите ваши „проблематични“ делови и кој ќе направи да се чувствувате како најсовршеното суштество на Земјата.
15. Ако одреден начин на вежбање прави да го мразите вежбањето, престанете. Најдете рутина која ќе ве исполнува и од која ќе бидете задоволни.
16. Научете ја разликата помеѓу здравиот замор по вежбањето и можноста за болки по истото за да знаете кога е доста.
17. Ако појадувате кафе, престанете. Понекогаш тоа е нормално, но редовниот појадок го подобрува вашиот метаболизам и го одржува здравјето на телото. Покрај тоа, добриот појадок го намалува незадоволството.
18. Вашата вагина е нормална. Престанете да се чувствувате чудно. Не постои совршена вагина, сите се различни на свој начин.
19. Одете на спиење. Одлично е да останете до доцна, но ништо не е подобро од квалитетен сон. Вашата кожа ќе изгледа подобро, ќе се чувствувате подобро, а и ќе му направите голема услуга на вашето здравјето
20. Сакајте се.
Сега кога ги дознавте овие работи, време е да научите како да прифаќате комплименти.