20 причини да се вселите заедно со својот партнер

20 причини да се вселите заедно со својот партнер

Некои велат дека живеењето заедно со партнерот пред брак може да доведе до поголема блискост и да ги зголеми шансите врската да успее, додека други тврдат дека тоа ќе ве доближи до разделба. Очигледно е дека врската може да оди во кој било правец, па затоа треба да живеете во моментот и да правите така како што ви вели срцето во тој момент. Ако тоа ви кажува дека сакате да се вселите со партнерот, еве ви уште дваесет причини кои ќе го зацврстат вашиот став.

20 причини да се вселите заедно со својот партнер

1. Имате цимер, најдобар пријател и партнер за секој ден и секоја вечер.

2. Полесно е да се готви за двајца отколку за еден.

3. Киријата е поевтина кога ги делите трошоците. Можете да се вселите во поубав стан за истите пари.

4. Не мора вие постојано да одите до супермаркет за да купите сè што ви треба.

5. Ќе научите многу интересни интимни детали еден за друг кои инаку тешко би ги дознале.

6. Ќе научите подобро да се расправате. Сега не можете да побегнете дома после караницата.

7. Ќе имате со кого да ги поделите домашните обврски.

8. Ќе ги подлите трошоците за сметки.

9. Ќе поминете повеќе време заедно без да барате начини за тоа.

10. Сакате да гледате филм наместо да излегувате. До вас има уште некој што го сака истото.

11. Не мора да се мислите кој каде ќе дојде да преспие.

12. Станувате посовесен цимер поради тоа што живеете со некого во кој сте вљубени.

13. Ќе го видите партнерот во секакво издание и ќе можете да одлучите дали тој/таа е личноста со која сакате да го поминете остатокот од животот.

14. Ќе почнете повеќе да балансирате помеѓу вашите карактери и потреби, а тоа многу ќе ве зближи.

15. Не мора комуникацијата да ја сведувате на телефон, социјални мрежи и СМС пораки. Цело време ќе си зборувате лице в лице.

16. Ќе создадете свое интимно катче, свој свет каде што никој нема да ве вознемирува.

17. Ќе бидете поттикнати да размислувате за иднината.

18. Многу романтични вечери дома.

19. Тоа е знак на голема посветеност на врската.

20. Затоа што се сакате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар