20 прекрасни работи кои ви се случуваат кога имате деца

20 прекрасни работи кои ви се случуваат кога имате деца

Сите велат дека животот станува поубав кога ќе добиете деца. Оние кои имале можност до сега да уживаат во тоа ви порачуваат дека овие дваесет прекрасни работи ве чекаат и вас кога ќе се решите на ваков чекор.

20 прекрасни работи кои ви се случуваат кога имате деца

1. Ќе станете похрабри. Овозможување удобност за мало детенце бара напор и успехот во тоа ќе ве направи похрабри.

2. Сексот станува подобар.

3. Ќе ви зајакнат рацете поради носењето на децата в раце или туркањето на количката.

4. Ќе научите многу подобро да управувате со времето, затоа што ќе го немате во големи количини.

5. Станувате повеќе продуктивни. Се трудите да завршите што е можно повеќе обврски во што е можно помал период.

6. Повеќе се смеете.

7. Повеќе плачете.

8. Повеќе се трудите за работите кои ви значат, како на пример сигурноста на детето, излегувањето со сопругот или сопругата или квалитетен сон.

9. Ќе престанете да се грижите за работите кои не се важни како оние од претходната точка.

10. Ако вашите родители ви помагаат, ќе ги цените уште повеќе.

11. Излегувањата со партнерот ќе бидат многу поинтересни затоа што се и поретки.

12. Ќе почнете повеќе да се грижите за своето здравје затоа што на вашето дете му треба жив и здрав родител.

13. Но тоа не значи дека животот ќе ви стане здодевен. Има многу интересни работи кои можете да ги правите со вашето дете.

14. Домот ќе ви биде полн со сите бои. Такви се детските играчки.

15. Ќе сфатите дека мултитаскингот е многу тежок, но ќе го совладате.

16. Одеднаш ќе бидете воодушевени од сè што е мало: мали обравчиња, мали прстиња, мали очиња…

17. Ќе сфатите дека нема ништо лошо во тоа да побарате помош.

18. Ќе видите кои ви биле вистински пријатели. Некои ќе сфатат дека немате доволно време за нив сега кога имате деца за одгледување, а други нема да сфатат. Но тоа ќе направи повеќе да ги цените оние кои ќе останат покрај вас.

19. На моменти ќе се чувствувате како пак да сте дете и одново да го преживувате вашето детство.

20. Но ќе почувствувате и дека сте пораснале.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар