20 потсетници што ви се потребни кога сакате да се откажете
Секој барем еднаш ќе се соочи со тешкотии во животот. Во овие периоди лесно е да ја заборавите големата слика и да мислите дека за вас нема надеж. Сметате дека единственото нешто што ви останува е да се откажете. Но кога ќе се најдете во таква состојба, секогаш сетете се на следниве работи.
1. Секогаш гледајте колку многу сте поминале, наместо уште колку треба да поминете. Сè додека продолжите да се движите, ќе стигнете таму каде што треба да бидете.
2. Не обрнувајте премногу внимание на она што другите ви го кажуваат или го мислат за вас. Верувајте им само на неколкуте блиски пријатели кои вистински ве познаваат.
3. Немојте да се споредувате со другите и да се чувствувате несоодветно. Нивното патување не е исто како и вашето, а нивниот успех не значи ваш неуспех.
4. Запомнете дека и претходно сте поминале низ тежок период и само сте станале посилни. Секој предизвик ве прави посилни.
5. Плачењето не е знак на слабост. Слабоста и тагата не се исто нешто. Плачењето значи дека ви станува подобро и дека се ослободувате од целиот гнев во вас.
6. Правењето грешки е дел од животот и не значи дека не успевате, туку дека се обидувате. Грешките само ве пренасочуваат кон друга насока.
7. Не треба да ја мерите вашата вредност според оние кои не ве сакаат или оние кои не ја ценат вашата љубов.
8. Запомнете дека секогаш има некој што сака да ви помогне. Пријатели, семејство, ментори, професори, терапевти, па дури и вашиот сосед. Понекогаш сè што треба да направите е да побарате помош и ќе се изненадите.
9. Прифатете дека промената е единствената константа во животот и дека ќе се промените многупати без разлика дали сте подготвени за тоа или не. Ништо нема да биде безбедно или предвидливо, па само треба да ја зајакнете вашата отпорност и да ја зачувате вашата верба.
10. Понекогаш е прикриен благослов да не го добиете она што го сакате. Понекогаш тоа е знак дека треба да побарате нешто подобро.
11. Запомнете дека болката и страдањето понекогаш го извлекуваат најдоброто од нас. Тие ги истакнуваат нашите таленти, нашата добрина и нашето сочувство. Болката ги прави луѓето подобри.
12. Ова чувство е привремено. Со текот на времето ќе го надминете и ќе се чувствувате подобро. Нема засекогаш да бидете заглавени овде.
13. Запомнете дека не сте сами. Има книги, текстови и видеа за она низ коешто минувате. Само треба да ги најдете.
14. Трансформацијата не е лесна. Често ѝ претходат хаос, мизерија и сомнеж. Вашето распаѓање кога-тогаш ќе се претвори во нешто убаво.
15. Минувате низ ова бидејќи еден ден ќе инспирирате некого, а можеби и ќе станете инспирација за илјадници луѓе. Треба да ги споделите вашите предизвици со некој на кого му е потребна ваша помош.
16. Не барајте ја совршеноста поради она што го гледате околу вас. Барајте напредок и она што навистина го сакате, без разлика што мислат другите за тоа.
17. Направете пауза и сетете се на сите нешта во вашиот живот за коишто сте благодарни. Понекогаш ги забораваме важните нешта. Не дозволувајте ѝ на болката да ја засени вашата благодарност.
18. Понекогаш давањето кога немате ништо е најдобрата терапија. Помагањето на другите ќе ве излечи.
19. Стравот можеби ќе ве спречи да направите нови нешта, но секогаш би требало барем да се обидете и тој ќе исчезне.
20. Без разлика колку е тешко, ако се откажете од себе ќе ви стане потешко. Потребно е да застанете на нозе бидејќи можете да го направите тоа и само така ќе излезете од дупката.
Запомнете ги и овие 5 работи кога сакате да се откажете.