20 одлуки кои секој треба да ги спроведе на почетокот на оваа година
Слично како и со старата облека во нашиот плакар од која не можеме никако да се откажеме, така е и со многу нешта во нашиот живот. Знаеме да се држиме цврсто за работи кои се надеваме дека ќе се променат или за луѓе кои никогаш не се тука за нас, што сосема забораваме дека животот оди понатаму и дека сѐ што нè враќа три чекори назад на секој еден чекор кој го правиме напред, е лошо за нас.
Веројатно сте забележале дека на вашата листа со одлуки за новата година, некои од нив се повторуваат по кој знае кој пат. А кога нешто подолго време сакате да го направите тогаш сигурно има и причина. Доколку сепак се решите оваа година да го направите чекорот за кој долго време се подготвувате, а тоа е промена, тогаш следниве 20 работи треба да се најдат на вашиот список.
1. Ослободете се од она што повеќе не ви користи.
2. Помалку живејте по навика и повеќе фокусирајте се на вашите цели.
3. Подигнете ги вашите стандарди.
4. Барајте го доброто во луѓето наместо да се концентрирате постојано на лошото.
5. Бидете ОК со фактот дека не сте ОК.
6. Погледнете се во огледало и сакајте го тоа што го гледате.
7. Бидете стрпливи кога учите нешто ново.
8. Бидете ОК со тоа дека не знаете баш сѐ. Научете да го почитувате целото искуство.
9. Престанете да се извинувате за сѐ и сешто.
10. Дозволете понекогаш да ве водат срцето и љубовта.
11. Не ги брзајте работите на кои им треба време и простор за да созреат.
12. Распознајте ја разликата помеѓу откажувањето и моментот кога веќе нема смисла да продолжите да се обидувате. Кога е доста, доста е.
13. Конечно отпатувајте на тоа место за кое сонувате со години.
14. Верувајте повеќе во себе.
15. Напуштете ја визијата која ја имате за себе за конечно да може да преземете нешто за да станете личноста која сакате да бидете.
16. Бидете благодарни за денес.
17. Не се оптоварувајте со тоа како изгледа вашиот живот и посветете се на тоа како се чувствувате во врска со него.
18. Дозволете му еден час игра на детето во вас.
19. Дозволете си да бидете тие што сте.
20. Не обидувајте се толку да стигнете таму каде што мислите дека треба да бидете со цел да согледате дека во овој момент вие сте токму таму каде што треба да бидете.
Не дозволувајте да дојдете во ситуација во која ќе се запрашате дали можеби сте требале да тргнете по другата улица. Секој момент во животот е избор кој го правите само еднаш. Нема каење ни премислување. Бидејќи дури и да имавте втора шанса да го направите изборот кој бил пред вас, дали навистина во тој момент и ситуацијата во која сте се наоѓале, би постапиле различно?