20 очигледни знаци дека сè уште не сте подготвени за бебе
Биолошки часовник? Не, вие не го чувствувате неговото отчукување. Барем сè уште не. Доколку не сте сигурни во тоа, погледнете ги следниве 20 знаци кои укажуваат на фактот дека дефинитивно ви е потребно повеќе време…
1. Не можете да се грижите за себе кога сте болни, а не па за дете. Ова е една од причините зошто деновите со мамурлак се едни од најлошите денови во вашиот живот.
2. Ја цените премногу својата слобода. Можноста да можете да отидете на одмор во кое било време е сè уште нешто од што не би сакале да се откажете. Всушност вие никогаш не сте ни можеле да го направите тоа, бидејќи не сте богати како филмските ѕвезди, но сепак убаво е чувството кога се има како опција.
3. На средина сте од вашата омилена ТВ серија. Па, барем прво тоа да го завршите, па потоа можеби би можеле да најдете повеќе време за да се посветите на буката која доаѓа со бебињата.
4. Едноставно не ги сфаќате. Вие не можете да сфатите ништо во овој свет што се однесува на тој начин. Тие немаат контрола врз себе ниту пак знаат што прават.
5. Будењето со звукот на бебе кое плаче е нешто што предизвикува целото лице да ви се собере. Страшно.
6. Не можете да одржите во живот ни растение. Кое цвеќе по ред ви е тоа во вашиот дом? Што се случило со претходните? Одговорот на овие прашања може да ви даде јасна слика за вашите мајчински способности во моментов.
7. Не можете да си дозволите бебе. Вие едвај наоѓате пари за нови чорапи, па тогаш како би успеале да одржувате едно бебе?
8. Би било премногу застрашувачко да имате „мало јас“. Што ако ги наследи сите ваши негативни карактеристики и почнете да не го сакате поради тоа? Можеби е најдобро да почекате сè додека не си ги поправите грешките во вашиот карактер…
9. Се обидовте да чувате милениче, но работите не завршиле онака како што сте планирале. Но, морските прасиња и онака не живеат долго време нели?
10. Вие едвај сте научиле француски, како би можеле да го научите бебешкиот јазик? НЕ. МИ. Е. ЈАСНО. ШТО. САКАШ. ДА. КАЖЕШ. БЕБЕ?
11. Немате свој дом. Каде би го одгледувале ова мало, слатко, но исклучително гласно човече?
12. Сè уште не сте сигурни дека личноста покрај вас е онаа со која сакате да го поминете остатокот од вашиот живот. За жал, ова е основата за почеток на размислувањето за бебе.
13. Сметате дека луѓето без силна смисла за хумор се здодевни. А сега замислете како би било да го поминувате времето со нешто што не може ни да зборува?
14. Сè уште премногу се потпирате на вашата мајка. Како планирате да ја пренесете вашата мудрост на вашето дете доколку сè уште не сте ја формирале?
15. Пред само 1 година сте станале независни. Токму затоа има големи шанси дека ќе го заборавите бебето во продавница, на кровот од вашиот автомобил или нешто слично. Тоа не е добро родителство!
16. Не сте отворени за ново уредување на домот. Каде што има деца, има и силни идеи што точно би требало да се наоѓа на ѕидовите. И врз каучот. И на вашиот омилен фустан.
17. Не се чувствувате доволно старо. Без разлика дали имате 22 или 38 години, вие никогаш нема да се чувствувате доволно старо за да бидете одговорни за друго човечко суштество.
18. Сликите од бебиња на социјалните мрежи предизвикуваат да ви се подигнат сите влакненца од телото, но не на добар начин. Ова дефинитивно не е знак на мајчинство.
19. Вие го немате одговорот ни на прашањето „Што сакаш да си порачаме да ни донесат вечерва за јадење?“ А замислете ги сите други прашања кои секој родители би требало да ги знае.
20. Некој ви предложил да напишете статија со наслов „Знаци дека сте тотално подготвени за деца“ и вие едноставно не знаете што да напишете и чувствувате одбивност кон темата. Не, благодарам. Јас би можел/а да пишувам на тема „Знаци дека сè уште не сте подготвени за бебе“.
glupostiiiiii
Moze devojkava i da prekine da preveduva statii na angliski i da smisli nesto unikatno