20 нешта кои мажите ги прават само доколку се навистина заљубени во вас

20 нешта кои мажите ги прават само доколку се навистина заљубени во вас

Како да е знаете дали тој е навистина заљубен во вас? Постојат неколку суптилни знаци кои укажуваат на вистинска љубов, додека пак исто така има и неколку јасни и гласни според кои одма можете да ги откриете намерите на вашиот љубен. Токму затоа погледнете 20 од овие знаци кои можат да ви помогнат полесно да откриете дали тој е навистина заљубен во вас.

20 нешта кои мажите ги прават само доколку се навистина заљубени во вас

1. Внимателно ве слуша дури и доколку половина час драматично му ја објаснувате караницата со колешка од работа.

2. Ви го препушта далечинскиот управувач кога гледате телевизија.

3. Не бара од вас да ги измиете забите пред да го бакнете за добро утро.

4. Без срам оди во продавница да ви купи влошки или тампони.

5. Ако не е со вас, никогаш не заборава да ви посака добра ноќ.

6. Ви праќа СМС пораки само колку да ви каже дека му недостасувате.

7. Пред носењето важни одлуки, најпрво се советува со вас.

8. Кога ви се додворува друг дечко, тој во исто време е и многу горд и малку љубоморен.

9. Има долгорочни планови со вас.

10. Иницира галење кое не мора нужно да води кон секс.

11. Последниот залак од оброкот го чува за вас.

12. Нежно се шегува со вас на начин кој не е ниту непријатен, ниту злобен, туку едноставно е забавен и смешен.

13. Ве запознава со своите родители и пријатели.

14. Го игнорира мобилниот телефон кога е во ваша близина.

15. Помни сè што ќе му кажете, вклучувајќи ја и маичката во излогот која ви се допаднала и која наредниот ден сте ја добиле како подарок од него.

16. Бара од вас да се потпишете на честитките кои им ги испраќа на родителите за роденден.

17. Кога ќе доживеете некој успех, тој е горд на вас и на сите им се фали.

18. Не се чувствува загрозено доколку заработувате повеќе од него.

19. Ве поддржува во остварувањето животни цели.

20. Секој ден ви кажува дека ве љуби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар