20 најдобри љубовни совети кои би ги добиле од најдобрите пријателки

20 најдобри љубовни совети кои би ги добиле од најдобрите пријателки

Најдобрите пријателки се најдобри со причина. Тие се луѓето кои се тука за нас во секое време, во добро и во лошо. Со нив ги споделуваме сите убави моменти и ги прославуваме сите животни успеси. Но, тие се и нашето рамо за плачење кога срцето ни е скршено. Бидејќи нѐ знаат најдобро, од нив можеме да ги добиеме најдобрите љубовни совети.

1. Дури и ако не те сака, ти си сепак, прекрасна, убава и интелигентна жена. Твојата вредност не зависи од неговиот избор и вкус.

2. Тоа што тој е лош за тебе, не значи дека сите машки се такви.

3. Ти заслужуваш многу повеќе и затоа треба одново да се пронајдеш себеси, да излегуваш и да си дадеш шанса за нова љубов. Наскоро ќе почнеш да се чувствуваш прекрасно и исполнето и ќе бидеш горда на својот напредок.

4. Не дозволувај среќата да ти зависи од друг и некој да ја има таа моќ врз тебе.

5. Ти си најдоброто нешто што му се случило. И ако тој не може да го види тоа, напушти го.

6. Тоа што претходното момче ти го скрши срцето, не значи дека и овој ќе го направи истото. Дај му шанса, но ако те повреди, ќе си има работа со нас.

7. Твоите очекувања не се превисоки, туку тој едноставно не ги исполнува.

8. Прашај се себеси: дали вреди сето ова? Љубовта не треба да биде болна. Љубовта треба да ти донесе среќа, а не да ти претставува тежина.

9. Ова се твоите денови од типот „Сексот и градот“. Имај повеќе отворени опции.

10. Подобро е да поминеш неколку прекрасни години со некој кој те третира правилно, отколку да го поминеш целиот живот со некој кој ќе прави да се чувствуваш ужасно.

11. Не можеш да знаеш што ќе се случи наредниот месец, наредната година или за десет години од сега. Затоа опушти се и уживај во моментот, без да го уништиш со претерано размислување.

12. Не можеш да претпоставиш што чувствува некој за тебе, сѐ додека не го прашаш. Ова е многу полесно отколку да ја дешифрираш секоја негова постапка.

13. Знам дека моментално сѐ ти изгледа многу тешко, но сѐ ќе биде во ред. Не ти е првпат да излезеш посилна од ситуацијата во која си се нашла. Постојат толку многу луѓе кои ќе го препознаат убавото во тебе и ќе ти дадат безрезервна љубов.

14. Не секој треба да биде вистинскиот. Некои луѓе ги запознаваме за да не научат на некоја лекција, и тоа е во ред.

15. Нема ништо лошо во поставувањето граници. Ако тој не може да ги почитува и сака да те промени, едноставно не те заслужува.

16. Ако некое момче сака да има секс со тебе по првиот состанок, дали ќе ја добие етикетата „лесен“? Секако дека не. Затоа, нека не те кочат двојните стандарди и прави го тоа што го сакаш.

17. Мислам дека треба да се запрашаш дали ти се допаѓа тој или ти се допаѓа идејата за него? Постои голема разлика меѓу овие две работи.

18. Не е битно дали ја кажува вистината или не кога се правда (најверојатно лаже). Битно е дали ти веруваш во тоа што ти го кажува.

19. Ако некој искрено те сака, нема да те напаѓа така. Тоа што тој ги користи твоите несигурности за да те победи во даден аргумент е многу погрешно.

20. Можеби во моментов единствената љубов која ти треба е љубовта кон самата себе. Научи како да се сакаш себеси и како да бидеш среќна сама. Пронајди се повторно, потсети се која си и што бараш од својот иден партнер и не прифаќај ништо помалку од тоа.

Прочитајте и како да останете блиски со вашите пријателки и покрај сите обврски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар