20 најчести модни грешки

20 најчести модни грешки

Жените, иако совршено добро го познаваат сопствениот стил и сопственото тело, знаат да направат модни утки. А постојат навистина многу начини како да направите грешка. Погледнете ги 20-те најчести грешки и насмејте се ако сте потпаднале на некоја од нив или честитајте си што сте ги избегнале.

1-20-najcesti-modni-greski-kafepauza.mk

1. Премногу кожа

Што и да покажете, ако е премногу тогаш не е во ред. Оставете малку мистерија околу вашиот изглед која ќе ги насочи сите погледи кон вас, немојте сѐ да „сервирате“ наеднаш. Во ред е само ако сте помлади од 20 години бидејќи само тогаш се простуваат маички до папок. Покажувањето премногу кожа носи внимание, но ретко е позитивно.

2. Фармерки со низок струк

Ако имате вишок килограми, тогаш овие фармерки се и повеќе од несоодветни за вашето тело. Не само што спојлерите ќе стрчат туку и вие ќе се чувствувате неудобно. Тие прават вашите нозе да изгледаат пократки, а вашиот струк поширок. Затоа оставете ги ваквите фармерки во вашиот плакар или уште подобро, воопшто немојте да ги купувате.

3. Заглавени во минатото

Оваа модна грешка најчесто ја прават дамите во 30-тите, 40-тите како и во 50-тите години. Некои се заглавени во нивните тинејџерски години и не сакаат да се откажат од кусите маички, други тежнеат кон одреден изглед, притоа не сфаќајќи дека треба да го прилагодат на сопственото тело. Можеби не е намерно, но оваа грешка спречила многу жени да не изгледаат совршено.

4. Несоодветен број

Следна грешка е носењето облека која е во несоодветен број. Без разлика дали станува збор за премногу тесно или премногу широко, ова може да изгледа многу лошо. Немојте да се криете во широки парчиња и никако немојте да носите тесна облека само колку да можете да се пофалите дека носите мал број. Облеката мора да има облик и структура, да ги истакнува вашите атрибути, а да ги крие вашите несовршености.

5. Несоодветен избор на материјали

Во животот на секоја жена доаѓа период кога треба да обрне внимание на материјалот од кој е изработена облеката. Основните парчиња облека би требало да бидат од квалитетни материјали за да траат подолго и да ви помогнат да направите што е можно повеќе и поубави комбинации.

2-20-najcesti-modni-greski-kafepauza.mk

6. Новогодишна елка

Накитот е важен дел од целокупниот изглед, но сѐ што е претерано е лошо. Навистина, жените кои добро знаат да го комбинираат накитот со нивната облека се достојни за почит, но претераниот накит ќе направи да изгледате како сѐ уште да ве држи новогодишното расположение.

7. Премногу креативни хеланки

Сите сакаме хеланки. Тие се многу удобни, можат да се носат со туника, или подолга блуза/џемпер, и одлично парче за во фитнес центрите. Но, да бидете премногу креативни со нив баш и не е најмудра опција. Почнувајќи од боите, па сѐ до шарите, постојат многу различни видови хеланки, но не сите се за носење (некои треба да се забранат со закон). Исто така комбинациите на хеланки + тексас здолниште, хеланки + летно фустанче или која било комбинација на хеланки со тексас парче е огромна модна грешка.

8. (Очигледно) лажен тен

Можеби сакате да изгледате како сонцето долго време да ја бакнувало вашата кожа но, тенот може да има и негативни последици, како портокалова боја на кожата или да ве направи како рефлектор. Не само што мажите ги мразат лажните тенови, туку и одвратно изгледаат.

9. Несоодветен избор на долна облека

Ова е една од најголемите модни грешки кои жените ги прават. Изборот на соодветна долна облека и не е толку тежок, но ако направите тука грешка, тогаш целиот ваш труд ќе биде залуден.

10. Преспивање со шминка

Иако ова не е модна грешка, тоа е многу погрешно и многу нездраво. Некои жени сметаат дека шминката изгледа многу подобро откако ќе преспиете со неа. Шлапнете уште еден слој маскара и уште малку пудра… самата помисла е застрашувачка.

4-20-najcesti-modni-greski-kafepauza.mk

11. Премногу трудење околу изгледот за на работа

Облеката за на работа нека биде одраз на вашиот личен стил, но притоа да биде во границите на нормалата. Блескавата облека и силните бои од сатенски материјал никако не смеат да бидат дел од вашата облека за на работа, нив чувајте ги за вечерни излегувања и свадби. Постојат начини како да бидете модерни, а сепак да носите соодветна облека за на работното место.

12. Премногу шилести обувки

Океј е да бидат малку зашилени, но не повеќе од неколку сантиметри. Ако се повеќе, тогаш правите огромна модна грешка која ќе ве чини болки во малите прстиња и палците.

13. Нечисти обувки

Нема ни потреба да се објаснува зошто е ова тука. Ова е одличен начин да откачите маж, а единствено е во ред ако сте претрпеле невреме.

14. Тренерки со апликации

Дизајнерите често знаат да забегаат со нивните креации, но мора да се признае дека ова е меѓу најлошите. Премногу блескавите елементи ги прават несоодветни за спортски активности, а од друга страна имаат премногу спортски изглед за да бидат дел од секојдневната облека. Направете си услуга и фрлете ги ваквите тренерки.

3-20-najcesti-modni-greski-kafepauza.mk

15. Премногу брендирана облека

Луј Витон, Барбери и Гучи се само дел од модните брендови кои имаат сопствено лого на производите, но ваквите парчиња ако се најдат во рацете на погрешна жена може да биде кобно. Никому не му е важно дека вашето парче е брендирано, важно е да биде убаво и да ви соодветствува на вашето тело.

16. Животинско царство

Иако Роберто Кавали прави прекрасни животински принтови тие не се баш најлесни за комбинирање. А лошо комбинирање резултира со лош изглед.

17. Искинати, извалкани парчиња облека

Треба да знаете кога е време да се простите од некој дел од облеката кој навистина веќе не може да се користи (освен како крпи за бришење прашина). Или пак не бидете мрзеливи и поправете го. Зашијте петличе и отстранете ги дамките. Истото важи за пантолоните и обувките. Изветвените рабови и излупените штикли прават да изгледате неуредно, што во ниеден случај не е добро. Не е честа модна грешка, но вреди да се спомне.

18. Црно и кафено

Нова година, нови трендови и нови модни правила допрва ќе доаѓаат, но правилото за мешање на кафеаво и црно останува. Можеби би изгледале добро како принт, но црни обувки со кафеава чанта и обратно, тоа никако не смеете да си го дозволите.

19. Преголема самодоверба

Во ред е да се чувствувате удобно и да го сакате вашето тело, но сѐ додека не претерате. На пример да се облекувате посекси за на работа отколку што треба бидејќи сметате дека убаво ќе изгледате и токму вам тоа може да ви успее. Да бидеме искрени: не, нема, само ќе изгледате нападно и провокативно, а како што досега видовме тоа воопшто не е добро.

5-20-najcesti-modni-greski-kafepauza.mk

20. Шминка на плажа

Носењето премногу шминка е честа тема меѓу најголемите модни грешки, но носењето шминка на плажа? Растечена маскара, пудра која се прелева и се топи… не звучи баш како идеално сценарио нели?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар