20 моќни тајни кои ќе ви помогнат да градите подобри односи

20 моќни тајни кои ќе ви помогнат да градите подобри односи

Автор: Маја Миноска

Односите со луѓето се комплексна работа, треба да се стремиме да бидеме подобри за другите, додека истовремено не смееме да се запоставиме себеси и на себе да си наштетиме. Овие 20 мудри тајни од книгата „Мистичниот пат до космичка моќ“ од Вернон Хаурад ќе ви помогнат во градењето подобри и поквалитетни односи со луѓето.

1-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mk

1. Кога ќе се сретнат двајца луѓе, во поголема предност е секогаш оној кој подобро се познава и разбира себеси. Тој/таа ќе биде посмирен, посамоуверен и порелаксиран со другите.

2. Никогаш не дозволувајте туѓото однесување да влијае на вашите чувства.

3. Обрнете помалку внимание на тоа што луѓето го кажуваат и прават. Наместо тоа, обидете се да ги согледате нивните најдлабоки мотиви за тоа што го зборуваат и прават.

4. Пријателството во кое треба да ги потчините вашата личност и достоинство на другата личност не е како што треба.

4-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mk

5. На некој мистичен начин, не постои разлика помеѓу вас и која било друга личност. Затоа, не можеме да повредиме некого без да се повредиме самите себе, ниту да помогнеме на некој без да си помогнеме себеси.

6. Штом се ослободите од сите непотребни барања насочени кон другите луѓе, веќе не можете да бидете повредени или измамени.

7. Кога ќе престанете гневно да се браните себеси од неправедните озборувања, вие сте еден чекор поблиску до психолошката зрелост. Едно е сигурно, отпорот го нарушува умствениот мир.

2-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mk

8. Вие ги разбирате другите точно до оној степен колку што се разбирате самите себеси. Работете повеќе на себезапознавањето.

9. Не стравувајте во целост да го искусите сето она што ви се случува во односите, особено болката и разочарувањата. Правете вака за да ви стане сè појасно.

10. Личноста која навистина знае што значи да сакаш, не се вознемирува кога нејзината љубов е незабележана или одбиена.

11. Ако на болен начин изгубите важен пријател, не тргнувајте веднаш во потрага по нов со цел да го замените претходниот. Ваквата акција ве спречува да си ја анализирате болката, но и да се ослободите од неа.

5-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mk

12. Не плашете се да бидете „никој и ништо“ во социјалниот живот. Ова е побогата и подлабока вистина од она што може да се види на површината.

13. Секое непријатно искуство со друга личност е можност да ги видиме луѓето такви какви што се, а не на начинот на којшто погрешно сме ги идеализирале. Колку понепријатна е другата личност, толку повеќе ќе ве научи на нешто.

14. Возможно е да се ослободите од чувството на повреда и неправда, потоа дури ќе ви биде чудно кога ќе чуете како другите се жалат за вакви работи.

15. Не можеме да препознаеме добра особина кај некого доколку и самите не ја поседуваме. Потребни се трпение и вистинска љубов да ги препознаеме доблестите кај друга личност.

16. Не мешајте ги копнежот и љубовта. Копнежот трескавично нè носи во потрага по нови и нови задоволства, додека љубовта е таму каде што сте вие самите.

3-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mk

17. Има луѓе кои го сакаат прекрасниот живот, и други кои не го сакаат. Секогаш стремете се да се бидете на страната на позитивните и да ги поддржите и охрабрите останатите.

18. Мора да престанете да живеете со стравот што другите ќе мислат за вас и што вие ќе мислите за себе.

19. Не се стремете да бидете сакани; работете на себе да бидете оригинални. Оригиналните луѓе се сакани.

20. Најголемата љубов што може да ја понудите на друг е вашиот внатрешен живот, оној кој ги привлекува другите, да го претворите во искрен пример за добрина.

6-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар