20 моќни правила за младите девојки
Животот е збир од подеми и падови, од слатки мали задоволства и скриени страсти. Вие сте млади, убави и амбициозни, никогаш не заборавајте го тоа. Споделете ги овие правила со сите млади девојки кои ви се блиски и ги сакате. И тие не смеат да заборават колку се моќни и колку животот е убав.
1. Мажите се прекрасен дел од животот, но во никој случај не треба да ги прогласите за свој живот ниту пак за крај на вашиот самостоен живот.
2. Во ред е да признаете дека сте млади и успешни. Славете го вашиот успех.
3. Не губете време плачејќи поради недозреани момчиња кои уште си играат со колички. Кога еден ден ќе го најдете вистинскиот за вас, сè што се случувало во меѓувреме ќе ви изгледа како добра шега.
4. Во ред е да имате 22 години а да не знаете што точно ќе правите со животот.
5. Многумина ќе ве осудуваат поради начинот на кој живеете или ги трошите парите. Но ова е ваш живот, па оставете ги да мислат што сакаат или уште подобро, да се грижат малку повеќе за нивниот двор. Вие не живеете за нечие туѓо задоволство туку за сопственото.
6. Што и да направите никогаш нема да задоволите сечии желби и интереси. Не секој ќе ве сака или почитува, но сосема е во ред да имате непријатели.
7. Ако ви одговара да бидете слободни, бидете. Многу е полошо да останете заглавени во врска која само ви одзема време и енергија.
8. Многу е веројатно дека во истата фирма каде ќе работите мажите со половина од вашиот мозок ќе заработуваат тројно повеќе пари. Работете напорно и не се откажувајте.
9. Без разлика колку сте пораснале и колку сте независни, вашите родители секогаш ќе останат ваши родители. Никогаш не престанувајте да ги почитувате. Вложиле премногу во вас.
10. Во ред е да се „удавите“ во слатки благи задоволства без грижа на совест. Млади сте и организмот брзо ќе ги обработи. Некогаш преголемата грижа посветена на броење калории нè спречува да уживаме во храната.
11. Без оглед на вашите години, никогаш нека не ве напушти детето во вас.
12. Луѓето секогаш ќе зборуваат, така што подобро дајте им причина за што да зборуваат. Еве на пример, нека ви зборуваат зад грб за вашите успеси.
13. Неколку пијалаци плус во сабота навечер не ве прават алкохоличари, дури ни виното кое ќе го испиете во понеделник напладне. Работите напорно, во ред е да се опуштите.
14. Не трошете го времето на лажни пријатели кои ви ја цицаат позитивната енергија. Животот е краток а младоста е прекрасна. Заслужувате да ја минете со вистински пријатели.
15. Ако сè уште не сте го нашле принцот, не е страшно да бакнете неколку жаби во меѓувреме.
16. Живејте го животот за себе. Не за вашите пријатели, роднини, комшии и сл.
17. Никогаш не сте престари за да научите нешто ново.
18. Неизбежно е да направите грешки во животните избори. Без разлика дали станува збор за вашето образование, кариера, љубовни врски и слично. Секој прави грешки. Научете да се носите со последиците и застанете цврсто на нозе. Животот секогаш дава нова шанса.
19. Живејте без каење. Ослободете се од минатото и не си ја чукајте главата од ѕид. Вашата задача е да извлечете најмногу што можете од сегашниот миг.
20. За крај, работете напорно а забавувајте се уште посилно. Никогаш нека не секне вашата желба за забава, патување, откривање нови страсти и авантури.
Статииве на авторката се прекрасни. Редовно ме воодушевуваат.
Дефинитивно за многу работи се согласувам.