20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април - Part 4

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

16. Кожна јакна

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Кожната јакна е парче облека кое го има речиси секоја жена. Всушност, ова е универзално парче кое може да се носи во сите прилики. Можете да ја комбинирате со сè и секогаш ќе изгледате неверојатно.

17. Искинати фармерки

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Ерата на искинатите фармерки уште не е завршена. Овие модели се модерни и одлични доколку сакате урбан изглед. Можете да ги комбинирате и со нежни материјали за да го „ублажите“ целиот изглед.

18. Спојте го неспоивото

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Кошулата и панталоните се секојдневна комбинација на која сигурно не сте навикнати. Но можете да си поиграте со овој стил и да направите комбинација од панталони или фармерки без раб со кошула. Додајте и елек и балетанки и ќе имате навистина интересна комбинација.

19. Тесни фармерки

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Како искинатите, така и тесните фармерки се навистина популарни. Тие изгледаат одлично во комбинација со кошула, но и со туника или блуза со цветен дезен. За да го дополните изгледот, додајте кожна јакна и интересен пар чевли.

20. Здолниште со карнери

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Карнерите се уште еден тренд кој се враќа од минатото. Можете да ги најдете на многу парчиња облека – од блузи и кошули, па сè до здолништа и панталони. Овие здолништа можете да ги комбинирате многу лесно, а најдобро стојат со кошули и маици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар