20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април - Part 3

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

11. Долг блејзер

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Блејзерот е најпопуларната пролетна јакна, а можете да го носите во формални прилики и да го комбинирате со панталони, здолништа, фустани и кожни хеланки. За дневно излегување, нема да погрешите со комбинација од блејзер и фармерки.

12. Тексас јакна

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Друга популарна јакна за пролетната сезона е тексасот. Можете да најдете безброј модели, а сигурно веќе и имате една. Тексас јакните се одлични за дневно излегување и се комбинираат со речиси секоја облека.

13. Здолниште со висок струк

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Овие здолништа се елегантни и погодни за секоја прилика. За поопуштен изглед, слободно комбинирајте ги со интересни блузи, а одлично изгледаат и со кошули.

14. Миди кардиган

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Ова парче облека е сестрано и функционално и е одлично за постудените априлски денови и ноќи. Можете да го комбинирате со фармерки и класични панталони, но и со здолништа и некои модели на фустани.

15. Миди молив здолниште

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Молив здолништата се совршени за попрофесионален изглед. Всушност, ова е најелегантното здолниште што постои и често е дел од работна униформа. Оваа пролет одберете малку подолго здолниште со шлиц. Можете да го комбинирате со блузи и кошули, а во комбинација со класични салонки или кратки чизми ќе добиете одличен изглед.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар