20-минутна рутина за вежбање на целото тело (без дополнителна опрема)
Постојано се жалите дека немате доволно време (или пари) да одите во теретана да вежбате или да се запишете на јога, пилатес или зумба? Не грижете се, бидејќи ако навистина сакате да се вратите во форма, тогаш имаме одлична идеја за вас. Станува збор за 20-минутна рутина за вежбање што можете да ја правите каде и да сте. Секој може да најде 20 минути слободно време во денот, па изговорот дека сте презафатени, со ова видео ви паѓа во вода.
Најдоброто нешто кај овие вежби е што се насочени кон целото тело. Вие ги вежбате сите мускули на вашето тело, па за само 20 минути дневно, многу брзо ќе зајакнете, ќе ја подобрите вашата кондиција и ќе го задржите здравјето дури и за време на најстудените зимски денови. Епа ајде, што чекате? Облечете ги најудобните парчиња облека што ги имате во близина и почнете со вежбање уште денес.
Пробајте ги и овие 9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело.