20 мали потсетници за во миговите кога изгледа како среќата да ви е недостижна
Успешните луѓе се свесни дека секој ден, кога ќе станат наутро, треба да го започнат со позитивна мисла на ум којашто ќе ги води во текот на денот, што тој и да носи со себе. Одберете некоја инспиративна мисла или цитат од некој голем мудрец и закачете ја на ѕидот во близина на вашето работно биро. Тоа нека биде првото нешто коешто ќе ви падне во очи наутро и нека ви биде на видно поле, секојпат кога ќе ја наведнете главата од умор и фрустрација.
Таа позитивна мисла ќе биде со вас и во сите непроспиени ноќи и стресни денови пред важен испит или состанок, како и во миговите кога едноставно ви е потребно да се одморите и да се релаксирате. Некогаш навистина не е едноставно да се види позитивната страна на животот, особено кога премногу нешта се случуваат во исто време, но затоа оваа листа со 20 трикови, може да ви помогне да се разведрите и да ја возвратите изгубената енергија.
1. Започнете дневник за благодарност. Во него запишувајте ја секоја голема или ситна работа за којашто сте благодарни во денот, дури и ако едноставно сте среќни што и денес сте живи.
2. Приклучете се на некоја организација којашто поддржува кауза за којашто се грижите.
3. Оставете го телефонот настрана и излезете надвор во природа. Неверојатно е колку е голема придобивката за мозокот од длабоко вдишаниот воздух.
4. Слушајте нешто инспиративно. Музика, видео содржина, подкаст… Што било, коешто мотивира.
5. Научете добро да се грижите за себеси. Оставете ги обврските за миг и појдете да си го освежите лицето со студена вода или да одморите во топла када со миризлива купка.
6. Отстранете ги негативните луѓе од вашиот живот. Негативната енергија, само ќе ви донесе уште повеќе негативна енергија во животот.
7. Смејте се секој ден, особено на самите себеси.
8. Пронајдете ја позитивната страна во секоја ситуација. Секогаш ја има!
9. Јавете се на некој којшто прави да се чувствувате добро. Вашата мајка, најдобра пријателка, сестра, кој било што знаете дека ќе ве разведри.
10. Читајте добра книга.
11. Секое утро започнете го така што ќе си кажете пред огледало нешто коешто го сакате кај себеси.
12. Гушнете некој на којшто изгледа како многу да му е потребно тоа.
13. Медитирајте.
14. Избегнувајте да гледате или да читате вести, коишто знаете дека лошо ќе се одразат на вашето расположение.
15. Изнаоѓајте нови начини за будење на вашата креативност.
16. Сфатете дека го имате сето право на овој свет, да си допуштите време за одмор.
17. Вие сте само човек.
18. Вашето ментално здравје е поважно од сè друго во светот.
19. Вие заслужувате да бидете среќни.
20. Повторувајте си ја точка 19, сè додека не почнете навистина да верувате во тоа.
Прочитајте и: Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси…