20 мали нешта коишто ќе ја направат вашата врска суперцврста

20 мали нешта коишто ќе ја направат вашата врска суперцврста

Сигурно многупати досега сте се запрашале кој е клучот за имање една среќна и успешна љубовна врска? Смеењето? Финансиската стабилност? Пријателскиот однос? Добрата комуникација? Сите овие нешта изгледаат многу важно, но истражувачот Џон Готман го анализирал однесувањето на паровите коишто се во брак, во последните две децении и лекцијата којашто ја научил од анализата, е многу едноставна и јасна: доколку сакате да имате стабилна и здрава љубовна врска, потребно е да вежбате љубезно однесување уште од самиот почеток и да го практикувате редовно.

20 мали нешта коишто ќе ја направат вашата врска супер цврста

Љубезност, подразбира да бидете пријателски настроени, великодушни и обѕирни. Истражувањата откриваат дека колку повеќе некој восприема или посведочува љубезност, толку повеќе и самиот практикува љубезно однесување, што неминовно води до нагорна спирала на љубов и великодушност во врските. Секако, кога сме лути и вознемирени, тешко е да останеме љубезни, но токму во тие моменти лежи тајната на успехот на врските. Љубезноста се состои во деталите, па ако се практикува на дневна база, вашата врска неминовно ќе просперира и напредува.

Доколку ви е потребен редовен потсетник за љубезност, прочитајте ги овие 20 начини за практикување љубезност, за да имате среќна и успешна врска со вашиот партнер или партнерка:

1. Немојте да го критикувате партнерот и да предизвикувате да се чувствува лошо.

2. На пат накај дома, донесете му/ѝ ги омилените цвеќиња, чоколатца или храна.

3. Почитувајте ги неговите/нејзините погледи кон светот и животот.

4. Смејте се заедно што е можно повеќе.

20 мали нешта коишто ќе ја направат вашата врска супер цврста

5. Додека ви зборува, посветете се целосно на зборовите што ги изговара.

6. Прашајте го партнерот дали сака нешто да му земете, кога сте во продавница.

7. Подгответе заеднички појадок, за време на викендите.

8. Размислете пред да кажете нешто несоодветно.

9. Насмевнете се кога вашиот партнер ќе влезе низ врата.

10. Охрабрете го партнерот кога има тежок ден.

11. Пофалете го партнерот кога има убав, успешен ден.

12. Извинете му/ѝ се кога сте виновни.

20 мали нешта коишто ќе ја направат вашата врска супер цврста

13. Погрижете се вашето ограничено слободно време поминато заедно, да биде квалитетно.

14. Преземете одговорност за вашите постапки и зборови.

15. Оставајте му/ѝ слатки пораки низ домот.

16. Не барајте ништо за возврат, кога ќе направите некој убав гест за партнерот.

17. Овозможете му на партнерот да има време за себеси.

20 мали нешта коишто ќе ја направат вашата врска супер цврста

18. Бидете свесни за тоа како го вербализирате вашиот гнев.

19. Средете ги обврските околу домот, кога партнерот не може да го стори тоа.

20. Давајте му комплименти на вашиот партнер.

Прочитајте ги и овие 5 брутални вистини за врските коишто секој пар треба да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар