20 фантастични работи кои ќе ви се случат откако ќе сфатите дека мора да се сакате и почитувате себеси пред сѐ останато

20 фантастични работи кои ќе ви се случат откако ќе сфатите дека мора да се сакате и почитувате себеси пред сѐ останато

Како може некој да ве сака и почитува ако вие не се сакате и почитувате себеси? Кога вие не ја сакате личноста која ја гледате во огледало и не сте задоволни од неа, тогаш сето тоа ќе се одрази на вашето секојдневие, на вашето однесување и на сите врски во вашиот живот, па правите да е скоро невозможно некој да сака да биде во ваша близина. За да бидете подобри, мора да се погледнете такви какви што навистина сте, да се откриете целосно пред себе и да се прифатите со сите доблести и маани. Но најважно од сѐ, да научите да се сакате себеси со сите тие карактеристики и додатоци.

20 фантастични работи кои ќе ви се случат откако ќе сфатите дека мора да се сакате и почитувате себеси пред сѐ останато

Тоа што не ви се допаѓа не може да го промените на ниту еден друг начин, а тоа што ве прави убави во секоја смисла на зборот не можете да го подобрите ако не сте помирени со личноста која ја претставувате. Покрај тоа, никогаш навистина нема да можете да уживате во ништо што го правите, а уште помалку ќе можете да ги искусите следниве ефекти и придобивки на самопочитта и љубовта кои би можеле да си ги подарите себеси.

1. Ќе се ослободите од вината, срамот и гневот кои ги чувате во себе, а за возврат ќе ги пречекате моќта, сопственоста и креирањето на вашиот живот таков каков што сакате да биде.

2. Ќе почнете да верувате во себе, навистина да чувствувате и слушате. Наместо тоа што другите го зборуваат за вас, важно ќе ви биде како вие се чувствувате и однесувате кон себе.

3. Ќе чувствувате мир бидејќи конечно сте се прифатиле себеси.

4. Ќе станете одговорни за својот живот и ќе прифатите одговорност за вашите одлуки, тоа што ви се случува и најмногу од сѐ, за вашата среќа која е единствено во ваши раце.

5. Ќе ѝ кажете чао на осаменоста и ќе се чувствувате многу повеќе поврзани со сите и со сѐ околу вас.

6. Ќе си дозволите себеси да се покажете пред другите и да бидете тоа што сте.

7. Ќе се најдете себеси во ситуација каде нема повеќе да ги осудувате другите, туку ќе ги прифаќате и разбирате бидејќи веќе знаете колку храброст е потребно за да се направи тоа.

8. Чекор по чекор, ќе го рушите ѕидот позади кој долго време се криевте прифаќајќи дека човечки е да се згреши и со тоа ќе станете ранливи бидејќи тоа ве прави човек.

9. Повеќе нема да чувствувате потреба да се докажувате некому бидејќи сега знаете дека сте доволни такви какви што сте и дека љубовта и грижата кон некого се она најдоброто и највредното кое може да го понудите.

10. Повеќе нема да чувствувате страв бидејќи веќе сте го пребродиле најголемиот – сте се прифатиле себеси.

11. Нема да имате потреба да се споредувате со другите бидејќи знаете кои сте и што сакате.

12. Ќе се отворите себеси кон другите дозволувајќи им на креативноста и инспирацијата да си играат со вашите мисли.

13. Полесно ќе ја прифаќате реалноста.

14. Секоја врска која ја имате во животот, без разлика дали е со семејството, пријателите или партнерот, ќе скршне во сосема друга насока и тоа подобра бидејќи ќе ѝ дадете поголемо значење и конечно ќе ја цените и негувате колку што и заслужува.

15. Неуспехот веќе нема да го гледате како уште една затворена врата пред вашиот нос, туку само како скалило плус на патот кон успехот.

16. Ќе си дозволите да бидете и давате повеќе: повеќе среќа, повеќе љубов, повеќе човечност.

17. Ќе станете свесни за вашите мисли и ставови и сето она кое не е добро за вас по што ќе успеете полесно да се справите со стресот и проблемите, а најмногу со начинот на кој вие реагирате на нив.

18. Ќе се чувствувате побезбедни бидејќи знаете дека вие сте секогаш тука за себе, дури и кога другите нема да бидат.

19. Конечно ќе се опуштите и ќе уживате повеќе во животот.

20. Постојаното чувство дека нешто недостасува и незадоволството кое оди со него ќе исчезнат и ќе бидат заменети со прекрасното чувство на ценење на тоа што го имате знаејќи дека тоа е доволно за да бидете среќни.

Да се сакате и почитувате себеси и уште повеќе, да не се срамите да го признаете тоа, нема никаква врска со нарцизам. Единствено значи дека сте подготвени да го земете вашиот живот во ваши раце и да направите нешто во врска со личноста која сакате да бидете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар