2 универзални карактеристики што ги делат само најдобрите љубовници

2 универзални карактеристики што ги делат само најдобрите љубовници

Едно ново истражување открило дека луѓето што ги имаат токму овие две карактерни црти, имаат и најбогат сексуален живот. Во истражувањето објавено во британскиот журналот за психологија, учествувале испитаници без љубовни партнери, од кои 192 биле сингл жени, а 105 сингл мажи.

Учесниците требало да одговорат на низа тестови со цел да се открие поврзаноста помеѓу алтруизмот, односно однесувањето чија цел е помагање на другите без очекување награда, со успешноста во љубовта, односно во врските и сексуалниот живот.

Научниците дошле до заклучок дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите и се позадоволни од сексот. Кај мажите, тоа води и до поголем број партнерки за секс без обврски.

Студијата не дала одговор на тоа што ги мотивирало испитаниците да им помагаат на другите, но без разлика на тоа, добиените резултати се само уште доказ дека добрината и несебичноста секогаш се исплатат. Па, можеби е време за мала промена во вашиот живот?

Дознајте и кои се другите карактеристики што често се појаувуваат меѓу најдобрите љубовници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар