2 туторијали за артистички нокти кои лесно можете да ги направите сами

2 туторијали за артистички нокти кои лесно можете да ги направите сами

Есенските модни трендови веќе почнуваат да се чувствуваат. Веќе почнавме да носиме есенски парчиња облека, да гледаме чизмички по бутиците и да го напуштаме летниот маникир. Овие два вида маникир се доста лесни за изведување, а се ултрамодерни и ултрасоодветни за сезоната есен 2013.2 туторијали за артистички нокти кои лесно можете да ги направите сами

Полумесечинки – модерна варијанта на француски маникир

1. Исчистете ги добро ноктите пред да почнете, и нанесете еден слој проѕирен лак за основа за да не ви се излупи брзо маникирот. Потоа залепете стикерчиња како на сликата на секој нокт така што кутикулата ќе ја порамните со малиот отвор за ноктот да ѕирка низ него.

2. Изберете ја првата боја за да ги налакирате врвовите на ноктите. Оставате ги добро да се исушат и потоа ставете уште еден слој. Веднаш по нанесувањето на вториот слој излупете ги налепниците.

3. Нанесете 10 нови стикери со тоа што овој пат ќе ги поставите точно врз кутикулите. Немојте да ги спуштате многу долу на ноктот за да не го изгубите ефектот на полумесечинки. Потоа нанесете го вториот лак за да го нагласите ефектот на маникирот. Во случајот е употребена сребрена нијанса. Ако лакот ви е непроѕирен, ставете еден слој и веднаш потоа отстранете ги стикерите не чекајќи ни секунда, а ако е проѕирен, нанесете два слоја, па слој лак за финиш.2 туторијали за артистички нокти кои лесно можете да ги направите сами

Есенски маникир со пруги

1. На чисти нокти нанесете лак за основа и потоа изберете две различни нијанси за да ги нанесувате на секој нокт наизменично. Одличен избор за сезонава се јака жолта и бордо црвена боја.

2. Потоа направете по 3-4 вертикални линии по должината на ноктот со помош на тенка четка за маникир, применувајќи ја следната техника: натопете ја четкичката во црвениот лак, поставете ја кај врвот на ноктот, и потоа повлечете ги полека прстите за да ѝ избегате на четката. Ова ќе ви помогне да нацртате прави линии. Откако ќе нанесете линии со црвениот лак, исчистете ја четката со помош на ацетон.

3. Земете трет лак во темно сина нијанса. Нанесете линии на оние нокти на кои немате ставено со црвениот лак и потоа завршете со лак за финиш.2 туторијали за артистички нокти кои лесно можете да ги направите сами


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар