2 рецепти за торти кои целосно ќе ги освојат вашите најблиски
Торта со пудинг и бисквити
Потребни состојки:
- 4 пудинга од ванила
- 10 лажици шеќер
- 1,5 литри млеко
- 320 грама маргарин
- 100 грама шеќер во прав
- 500 милилитри шлаг пена
- 600 грама бисквити
Начин на подготовка:
Измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот. Од млекото, одземете 15 лажички и измешајте ги со пудингот и шеќерот, така што да добиете хомогена смеса. Остатокот од млекото сварете го, па тргнете го од оган и додајте му го изматениот прашок за пудинг. Вратете го на оган и мешајте 2 минути. Внимавајте да не се залепи. Оставете го да се олади и повремено мешајте за да не се засуши горниот дел. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и потоа додајте ги на оладениот пудинг. Матете го шлагот сè додека не стане цврст и во тава (35×25) наредете бисквити врз кои ќе го сипете пудингот, па шлагот. Повторувајте ја постапката 6 пати и завршете со шлаг пената.
Торта со рум и млеко
Потребни состојки:
За тестото:
- 400 грама бисквити
- 100 милилитри млеко
- 1 лажичка рум
- 500 милилитри слатка павлака
- 300 грама несолена урда
- 100 грама шеќер
- 1 кесичка желатин
- 1 лажичка какао
За глазурата:
- 150 грама чоколадо за готвење
- 1 лажичка рендано чоколадо
Начин на подготовка:
Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додајте го сирењето. Растопете го желатинот во малку вода на тивок оган, оставете го да се олади и сипете го во смесата со слатката павлака. Одвојте третина во друг сад и додајте какао. Бисквитите намачкајте ги во млекото измешано со рум и наредете еден ред во долга тава, па врз нив распоредете половина од белиот фил. Потоа наредете уште еден ред бисквити потопени во млеко и рум и врз нив наредете го филот со какаото. За крај остануваат уште 2 реда бисквити меѓу кои ќе го додадете и остатокот од белата смеса. Завршете со растопеното чоколадо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.