2 маски од само 3 состојки со кои подочниците ќе ви исчезнат за недела дена

2 маски од само 3 состојки со кои подочниците ќе ви исчезнат за недела дена

Некои луѓе се поподложни на подочници, а тоа влијае на изгледот на нивото лице. Со цел да се ослободите од непријатните темни кругови околу очите, направете ги овие природни маски и за само една недела ќе забележите неверојатни резултати.

1. Маска со компир

Компирот е полн со витамини и минерали кои се познати по отстранувањето на уморот на кожата на лицето, подочниците и брчките. Станува збор за зеленчук што го освежува и омекнува тенот и одговара на сите видови кожа. Овој третман е одличен и кога очите ви се црвени и водени од поминување премногу време пред компјутер.

Исчистете го компирот убаво, измијте го добро и исечкајте го кругови. Поставете ги круговите на очите и оставете да отстојат околу 15-тина минути. Тргнете ги па измијте ги очите со ладна вода. Оваа постапка можете да ја повторувате и сабајле и вечер.

2. Маска со кафе и кокосово масло

Комбинацијата од кафе и кокосово масло ќе ви помогне да се ослободите од подочниците, но и од поткожните воспаленија и отоци.

Измешајте малку кафе со неколку капки кокосово масло. Потопете ги врвовите на прстите во мешавината и втријте ја со кружни движења во областа околу очите. Оставете ја маската да отстои 10-15 минути, односно додека не се исуши. Потоа отстранете ја со помош на памукче. Измијте се на вообичаениот начин и по желба нанесете хидратантна крема. Повторувајте неколку пати неделно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар