2 главни причини зошто сѐ уште не сте пронашле вистинска среќа

2 главни причини зошто сѐ уште не сте пронашле вистинска среќа

Ако љубовта не се купува со пари, тогаш сигурно знаете дека истото важи и среќата. Па, зошто тогаш луѓето се толку фокусирани на материјалните работи? Главните цели на повеќето луѓе се да станат богати и славни. Други веруваат дека ќе бидат среќни ако се поубави, позгодни и попопуларни. Но, нешто им недостасува на овие цели.

2 главни причини зошто сѐ уште не сте пронашле вистинска среќа

Нема ништо лошо во тоа доколку посакувате да станете богати и славни, но интересно е кога ќе сретнете човек кој има едноставна работа, тивок живот, но насмевката не му се симнува од лицето. Нивото на лично задоволство и оптимизам може да се забележат уште од далеку.

Па, која е тајната? Дали постои врска помеѓу среќата и успехот и славата? Или постои едноставна формула што треба да се следи за да се постигне среќата? Кога ќе кажеме дека среќата е избор, тоа звучи премногу едноставно. Дали само на неколкумина среќници им е судено да имаат среќен живот?

Психијатарот Роберт Вилдингер бил одговорен за едно 75-годишно истражување чија цел било да го открие развојот на возрасните и клучот до среќата. Вилдингер открил дека среќните луѓе се фокусирани на односите со другите. Најсреќните луѓе се оние кои имаат остварено најмногу емоционални врски. Тие исто така живеат подолго и се физички поздрави.

Но, што ако вашата семејна ситуација е комплицирана и стресна? Што да правите кога живеете со негативна личност и не можете да побегнете од темниот облак на нејзините мисли што постојано го наоблачува вашиот живот?

Многу луѓе сакаат да научат како да бидат среќни. Доколку и вие сте едни од нив, најпрво мора да знаете што НЕ треба да правите. Ова се главните причини зошто повеќето луѓе не можат да бидат среќни…

2 главни причини зошто сѐ уште не сте пронашле вистинска среќа

1. Секогаш се фокусирате на иднината

Честопати мислиме дека среќата ќе дојде во форма на некој голем настан како што е наоѓањето нова работа, основањето семејство и слично. Но, вистинската долготрајна среќа се содржи во малите нешта што ни извлекуваат насмевка на лицето. Колку и да звучи клише, големата среќа се состои од мали и значајни моменти.

2. Секогаш ги ставате другите на прво место

Повеќето луѓе поминуваат премногу време грижејќи се за туѓата среќа. Толку многу се обидуваат да ги направат среќни нивните партнери, деца, шефови и пријатели што забораваат на сопствената радост. Толку сме зафатени со среќата на луѓето околу нас што немаме време да ги правиме работите што нам ни носат среќа. Клучот за среќниот живот е секој ден да правите нешто во коешто уживате. Посветувајте време на вашето хоби, шетајте се во природа, восхитувајте им се на цвеќињата во вашата градина, волонтирајте… Правете го она што ве прави среќни!

Доколку навистина сакате да бидете среќни, прочитајте ги следниве 5 суштински состојки на прекрасното секојдневие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар