19 знаци дека тој ги заслужува вашето внимание и љубов

19 знаци дека тој ги заслужува вашето внимание и љубов

Лесно е да препознаете заљубен маж. Тој ја охрабрува, поддржува, ја прави среќна и се грижи за својата сакана. Ако кај вашиот партнер ги забележувате овие 19 знаци, тогаш бидете сигурни тој е оној вистинскиот и дека со сигурност ги заслужува вашето внимание и љубов.

1-19-znaci-deka-toj-go-zasluzhuva-vasheto-vnimanie-i-ljubov-www.kafepauza.mk_

1. Кога сте со него, никогаш не треба да се запрашувате дали сте премногу наметливи, емотивни или молчеливи.

2. Не постои одреден лимит во поставувањето на заеднички фотографии (или селфиња) на социјалните мрежи. Тој ја поддржува независноста, во секоја смисла!

3. Кога коментира на вашите постови или фотографии, тој не се чувствува непријатно поради очигледните коментари кои велат „јас сум твое момче“. Секогаш ви остава убави комплименти.

4. Затоа што врската со вас за него е симбол на чест.

5. Не смета дека губи значајни секунди од неговиот живот затоа што има сериозна врска.

6. Не му паднало на памет дека врската со вас ќе одбие голем број девојки кои со месеци порано му се јавувале и го заведувале.

7. А ако мислата за одбивање други жени му помине низ глава, тоа е само во контекст дека му е мило што повеќе нема да губи време на такви работи. Благодарение на вас, тој има сфатено дека таквите работи немаат никаква вредност – и сега се дел од минатото.

2-19-znaci-deka-toj-go-zasluzhuva-vasheto-vnimanie-i-ljubov-www.kafepauza.mk_

8. Никогаш не му паднало на памет да се жали поради губењето на статусот сингл, ниту да им кажува другарите дека паднал во замката наречена – „имам девојка“.

9. Тој вас никогаш не би ве запоставил, ниту би се осудил да бара задоволство на други страни. Допишување, договарање состаноци со други… Големо НЕ!

10. Поради врската со вас не се чувствува дека пропушта нешто во животот. Вие претставувате вистинска вредност, која нема цена!

11. Тој всушност им говори на своите пријатели дека имал навистина среќа што пронашол некоја толку посебна. И во ниту момент не би помислил дека звучи глупаво тоа што го кажал.

12. Тој дури ги охрабрува своите пријатели да станат посериозни и да си најдат девојки, уверувајќи ги дека тоа потполно вреди – со вистинската личност, секако.

13. Тој ви ја покажува неговата наклоност на сите можни начини. И никогаш не се чувствува глупаво поради тоа, ниту помислува дека на тој начин е загрозена неговата машкост.

14. Тој е искрен и опуштен со вас. Честопати ви ги открива неговите најдлабоки чувства, на потполно отворен начин. А тоа е така слатко!

3-19-znaci-deka-toj-go-zasluzhuva-vasheto-vnimanie-i-ljubov-www.kafepauza.mk_

15. Тој е тип на момче кое позитивно гледа на сè што го опкружува – и сета позитивна енергија ја внесува во вашиот секојдневен однос.

16. Не сакате со сите да ги споделувате интимните работи од вашата врска, ниту да откривате како ви оди, бидејќи нема потреба да се фалите. Таа љубов може да ја забележи секој од страна.

17. Ве третира како дама, најдобар пријател и најубава девојка на светот. Тој во вас не бара совршенство и ја занемарува секоја ваша маана.

18. Тој не ја мери својата лична вредност споредувајќи се со вас. Ако тоа некогаш го направил, тоа најверојатно било во почетокот на врската. Сега само меѓусебно се надополнувате.

19. Сексот е одличен, но секогаш е во потрага по нешто повисоко – нешто што го пронашол лежејќи во креветот, на дождливо утро, покрај вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар