Непосакуваното однесување на децата е нормална реакција на ненормални услови за живот
Да се одгледува дете не е воопшто лесна работа и за тоа често треба трпение и постојано учење. Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер го посветила нејзиниот живот во проучување на односите помеѓу родителите и децата. Нејзините книги за воспитување на деца се преведени на многу светски јазици, а ние ви ги пренесуваме најинтересните тврдења на овој психолог.
1. Непослушност – единствена работа која децата можат да ја развијат кога неправилно им се обраќате. Секогаш кога се непослушни и безобразни прашајте се што вие сте направиле погрешно пред да одлучите да ги казните.
2. „Проблематични“, „тешки“ деца, како и деца „со комплекси“ и „расеани“ се секогаш резултат на погрешно утврдените односи во семејството.
3. Кога безусловно ги сакате децата тоа не значи дека ги сакате затоа што се убави, паметни, способни, успешни, дека помагаат во домот и слично, туку поради тоа што се такви какви што се.
4. Колку полошо се однесувате кон, толку полоши стануваат и тие. Зошто е тоа така? Затоа што воспитувањето на децата не е дресирање. Родителите не треба да развиваат условни рефлекси кај децата.
5. Дисциплина – не претходно, туку после воспоставување добри односи со децата. Не можете да ги дисциплинирате ако со нив не воспоставите комуникација.
6. Не им помагајте освен ако не побараат помош. Кога не се мешате всушност им кажувате дека сè прават добро. Помогнете им само доколку наидат на големи препреки кои не можат да ги надминат. Тогаш е добро да се мешате за да не дојде до непосакувана штета.
7. Ако им е тешко и сакаат да ја прифатат вашата помош, задолжително помогнете им. Притоа, правете го само она што тие не можат да го прават сами. Кога ќе почнат да ги развиваат своите способности, дозволувајте им сè постепено.
8. Личноста и способноста на децата се развиваат само кога се ангажирани во некоја активност што ќе им биде интересна и која сакаат да ја прават.
9. Тинејџерскиот период е сличен како и сипаниците – постојат повеќе облици, поблаги или погорки, но сите мора да се прележат. Тешко им е на родителите кои во оваа развојна фаза влегуваат во сериозни конфликти со нивните деца.
10. Дозволете им на децата да ги почувствуваат негативните последици од нивните постапки (или пропусти). Тек тогаш ќе пораснат и ќе станат „свесни“.
11. Сееш навика, жнееш навика – собираш карактер, сееш карактер – одбираш судбина!
12. Можете да го истражувате незадоволството на поедини постапки од децата, но не и нив во целина. Можете да ги осудувате нивните дела, но не и нивните чувства. Незадоволството од делата не треба да биде систематично зошто во спротивно ќе се претворат во неуспех.
13. Непосакуваното однесување на децата е нормална реакција на ненормалните услови за живот.
14. Строгата мајка е емотивно оддалечена од своите деца, а тие го чувствуваат тоа.
15. Дозволете им да имаат приватност. Не им држете предавања и не се мешајте во сè во секое време.
16. Со своите активности влијаете на однесувањето на децата.
17. Себеспознавањето и образованието се првата должност на родителите и наставниците, а не само воспитување на децата. Во спротивно тие ќе станат окупирани со проблемите на родителите.
18. Секогаш кога децата се вознемирени, навредени, повредени, засрамени, уплашени, кога некој е груб спрема нив или неправедно ги третирал, па дури и кога се многу уморни, вистинската работа што треба да ја направите е да дознаете што им се случува и да ги сослушате.
19. Не барајте од нив нешто невозможно или нешто што тешко се постигнува. Наместо тоа, погледнете што можете да промените во опкружувањето.
Прочитајте и за проблемите во модерното воспитување што ги прават родителите „робови“ на нивните деца.