19 нешта што одвреме-навреме треба да ги направите и за себе

19 нешта што одвреме-навреме треба да ги направите и за себе

Колку често ви се случува да се изгубите во секојдневните обврски, во потребите на другите или во очекувањата на оние околу вас? Колкупати ви се случило да помислите дека ви е смачено од сè и да посакате да ги спакувате куферите и да отпатувате на некој напуштен остров? За да го задржите здравиот разум во лудиот свет, морате одвреме-навреме да издвојувате време и за себе. Во продолжение следува листа од 19 нешта што можете да ги направите за себе и за својата среќа…

19-neshta-shto-odvreme-navreme-treba-da-gi-napravite-i-za-sebe-www.kafepauza.mk

1. Пронајдете ново хоби или обрнете повеќе внимание на она што веќе го имате.

2. Направете листа со лични цели и начини на кои сметате дека можете да ги остварите.

3. Размислувајте позитивни мисли и постојано пофалувајте си се во себе за постигнувањата.

4. Почестете се со пенлива бања, масажа или друг вид активност што физички ќе ве опушти.

5. Најдете нешто што не го знаете и посветете доволно време за да го научите.

6. Згответе (или порачајте) вкусна храна, без да размислувате на тежината или калориите.

7. Земете ги клучевите од автомобилот и возете… без крајна дестинација.

8. Опуштете се. Без разлика дали ќе го направите тоа со лежење или гледање серии.

9. Договорете „состанок“ со самите себе и одведете се во ресторан или во некое кафуле.

10. Пишувајте дневник, но не го читајте сè до декември за да добиете подобра слика за годината.

11. Редовно оставајте си пораки самите на себе за да си кажувате колку сте си важни.

12. Волонтирајте. Нема подобро чувство од помагањето на оние што имаат потреба од помош.

13. Започнете со некаква физичка активност и обидете да ја практикувате барем три пати неделно.

14. Направете добро дело – без размислување, без најавување, без споделување…

15. Изгубете се во книжара или во библиотека. Одвојте цел ден за оваа активност.

16. Пејте на глас. Танцувајте на улица. Не се воздржувајте кога сте во јавност.

17. Донирајте ги сите парчиња облека што не сте ги носеле повеќе од една година.

18. Редовно гледајте го зајдисонцето и колку што можете повеќе, уживајте во изгрејсонцето.

19. Направете листа на нешта за кои сте благодарни и секојдневно надополнувајте ја.

Погледнете ги и овие 12 работи што веднаш треба да почнете да ги правите за себе!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар