18 животни прилики кои никако не смеете да ги пропуштите
Ние често запаѓаме во замки настанати од преживувањето и наоѓаме изговори зошто не живееме вистински. Животот ни овозможува многу можности за остварување на нашите соништа, но ние мора да научиме како да ги забележиме и искористиме. Како што растеме, така и почнуваме да жалиме за пропуштените можности. Но, во животот потребно е да веруваме во себе, да ризикуваме, да губиме и да пронаоѓаме среќа, да учиме од искуството, да ги цениме сеќавањата и да спознаеме дека секој чекор е важен. Но, за сè ова да се случи, најпрво е потребно да го направиме првиот чекор. Дајте си шанса за тоа!
1. Верувајте во вашата интуиција
Животот е премногу краток за да чекате. Секој ден имате нова шанса за да го промените својот живот и да направите нешто значајно за себе. Секое големо достигнување почнува со одлуката за започнување. Верувајте му на оној мал глас во себе кој ве охрабрува и едноставно направете го тоа. Дајте си шанса и ќе бидете изненадени колку пати „што би било кога би било“ успева…
2. Верувајте во своите способности
Вие веќе поседувате сè што е потребно за да станете најдобрата верзија од себе. Верувајте дека можете. Верувајте дека сте способни и движете се кон напред со многу енергија. Верувајте дека сте доволно млади или стари, доволно мудри или силни за постигнување на своите цели. Не дозволувајте вашите сомнежи во себе да ве спречат да се надминете.
3. Гледајте го стравот во очи
Често е многу тешко да се изразите во најдобро светло, но трагично е ако дозволите лагите и стравот да ве сопрат. Веднаш исфрлете го стравот од вашата глава и повикајте ја храброста. Следете ги своите соништа и цели, не дозволувајте му на стравот да ви ја украде сегашноста и да одлучува за вашата иднина.
4. Веднаш направете го првиот чекор
Еден ден вашиот живот во оваа форма ќе заврши. Тоа е суровата вистина со која секој човек кога тогаш мора да се соочи. Но, прашањето е колку вистински живеете? Одвојте момент и размислете за тоа. Вашиот живот трае сега. Направете нешто од тоа, преземете ги нештата во ваши раце. Не го трошете вашето време во чекање.
5. Ставете ги вашите цели на прво место
Доколку сакате да живеете среќен и исполнет живот, врзете се и за целите, а не само за луѓето и нештата. Никогаш немојте да се откажувате од оние нешта кои ви се важни. Особено не затоа што си велите дека можете и од утре да почнете, бидејќи од каде знаете, може утре никогаш нема да дојде. Овој живот е пократок одошто мислиме, па затоа фокусирајте се на правењето по еден чекор дневно за да можете да се приближите до вашите цели.
6. Работете внимателно дури и кога ви е тешко
Личниот раст и развој е бавен и постојан процес. Колку и да сакате, не можете да ги брзате овие работи. Едноставно потребно е секојдневно да работите на себе, но не грижете се, има доволно време за сè што сакате да бидете во овој живот. Немојте да се помирувате со ништо помалку од она кое сметате дека го заслужувате и никогаш не се откажувајте од себе.
7. Одржувајте ги вашите стандарди
Застрашувачки е да се преправате дека нешто што не вреди за вас е вредно. Да се преправате дека љубовта и почитта вам не ви се потребни дури и ако знаете дека не е така. Да се лажете себеси велејќи си дека сè е во ред, дури и кога не е. Вие треба доволно да се сакате со цел никогаш да не си дозволите да ги намалите вашите стандарди од погрешни причини.
8. Бидете упорни по одбивања или неуспеси
Кога вам нешто добро не ви успева, тоа често значи и дека ќе се пренасочите на нешто подобро. Бидете трпеливи, позитивни и запомнете дека без разлика колку грешки ќе направите или колку скоро ќе напредувате, вие сè уште сте многу подалеку од оние кои никогаш не ни пробале.
9. Прифатете го владеењето над својата ситуација
Дури и кога нештата одат во погрешна насока, преземете ги нештата под контрола. Ако сте во на работа која не ви се допаѓа, потсетете се дека вие одбирате да заработувате со цел да можете да ги платите сметките, да ја одржувате својата фамилија или да ги оживеете соништата. Не се опирајте, поседувајте! Тука се наоѓа вашата сила.