18 мали нешта што треба да почнете да ги правите ако за 10 години сакате да бидете пред сите

18 мали нешта што треба да почнете да ги правите ако за 10 години сакате да бидете пред сите

Најверојатно си имате поставено цели и сакате да ги остварите, но понекогаш едноставно не знаете што да правите. Доколку сакате за 10 години од денес да бидете пред сите, почнете да ги правите овие мали нешта уште сега.

18 мали нешта што треба да почнете да ги правите ако за 10 години сакате да бидете пред сите

1. Бидете пријатели со разни луѓе. Немојте да ги ограничувате вашите погледи дружејќи се само со оние кои се слични на вас.

2. Читајте. Денес многу малку луѓе читаат нешто друго освен вести. Читањето е важно бидејќи може да го промени начинот на којшто размислувате и да ви ги прошири видиците.

3. Прашувајте се и ценете го вашиот сомнеж. Луѓето кои не се доволно сигурни да го прават ова стојат во место.

4. Подгответе се да живеете на начин на којшто другите не би живееле, па ќе го живеете животот што другите не можат.

5. Научете да готвите храна што ја сакате повеќе од порачаната.

6. Научете да направите буџет што ќе ви помогне да се чувствувате одговорно и слободно, а не ограничено.

7. Секој месец тргајте малку пари настрана, колку што можете да си дозволите.

8. Најдете дополнителна работа за полесно да заштедите. На почетокот ќе ви биде тешко, но со текот на времето ќе научите нови вештини и ќе бидете мирни во врска со парите.

9. Станете зависници од здрава „болка“. Ова значи да се фокусирате на некоја задача додека не ја завршите, или да останете на работа подолго. Колку повеќе ја насочувате болката кон нешто продуктивно, толку помалку ќе размислувате за неа.

10. Нека ви стане удобно да си ги признавате грешките. Нема неуспех во правењето грешки. Неуспехот е во тоа да погрешите и да бидете премногу горди да ја исправите грешката.

11. Исчистете го вашиот простор и кажете си „Доволно беше“. Дали навистина сакате да ги поминете наредните 10 години собирајќи предмети? Замислете на што сè друго би можеле да ги потрошите тие пари.

12. Со кредитната картичка купувајте само работи што ќе ги помните 3 месеци од сега. Ако потрошите многу, а не се ни сеќавате на што, давањето пари било залудно.

13. Истражете ја вашата душа. Направете листа од работи што ги сакате и што не ги сакате, работи што ги цените и што не ги цените, вашите вештини и работите што не можете да ги правите. Направете јасна слика за личноста којашто сте, но дозволете си и да се промените со текот на времето.

14. Размислете за вашиот живот и запрашајте се кој ви е најсилниот мотив. Внимателно размислете што сте направиле за него. Вашите постапки од минатото ќе ви бидат од помош за идните.

15. Посветете ѝ се на дневна рутина којашто со текот на времето ќе ве одведе онаму каде што сакате.

16. Правете ги работите со намера. Одете на состаноци со намера. Работете со намера. Не дозволувајте животот да ви биде низа од неважни случајни постапки кои ви изгледале добри во тој момент, но всушност се безначајни.

17. Сфатете се толку сериозно колку што сакате да ве сфаќа светот. Однесувајте се според тоа.

18. Отстранете сè и започнете од почеток толку колку што е потребно. Нема ништо лошо во тоа да не успеете. Проблемот е кога знаете дека можете подобро, но ја немате храброста да го направите тоа.

Погледнете ги и триковите што ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар