18 чести ситуации во кои дури и најпаметните луѓе дозволуваат нивното его да завладее

18 чести ситуации во кои дури и најпаметните луѓе дозволуваат нивното его да завладее

Сите знаеме дека големото его не е пожелна особина, бидејќи делува одбивно и арогантно за околината. Сепак, понекогаш дури и најпаметните луѓе паѓаат во замката што им ја поставува нивното его. Постојат 18 најчести ситуации во кои дури и најинтелигентните поединци дозволуваат нивното его да завладее. Најважно е да знаете како да ги препознаете.

18 чести ситуации во кои дури и најпаметните луѓе дозволуваат нивното его да завладее

Вие сте паднале во замката на вашето его ако:

1. Вашите амбиции повеќе зависат од туѓите мислења одошто од вашите.

2. Постојано ги посочувате проблемите што ги гледате во општеството, наместо да наоѓате решение за тие проблеми.

3. Ги генерализирате големите групи луѓе, а се навредувате кога некој ќе ве стави вас во ист кош со други луѓе.

4. Верувате дека толку многу го познавате светот што тешко ви е да живеете во него (премногу сте емпатични и интуитивни).

5. Мислите дека постои само еден начин да се постигне спиритуалност, свесност, интелигенција и хуманост.

6. Велите дека ги прифаќате сите луѓе, но ги осудувате оние чии сфаќања се разликуваат од вашите.

7. Споделувате статии и објави на социјалните мрежи со содржини во кои верувате и со кои се согласувате, но одбивате да ги прочитате останатите.

8. Велите дека не се согласувате со туѓите мислења, но не сте се обиделе да ги разберете.

9. Мислите дека постои само еден начин на грижа за здравјето и ги осудувате сите останати што не ги следат истите рутини.

10. Намерно го потценувате вашиот успех, бидејќи не сакате другите да ви замерат и мислите дека на тој начин покажувате скромност.

11. Ги критикувате туѓите избори, особено во тешки ситуации, без да го земете предвид фактот што не можете да знаете низ што минуваат, освен ако не сте доживеале слично искуство.

12. Мислите дека имате едноставни решенија за големите и сериозни човечки проблеми.

13. Луѓето постојано ви ги упатуваат истите критики, но вие одбивате да ги прифатите како вистинити.

14. Убедени сте дека постоите само поради една причина, а таа причина е поврзана со вашата работа.

15. Секогаш мислите дека вие сте најмудрата личност во просторијата или мислите дека сте најсвесната личност што ја познавате.

16. Сте нашле начин да водите спиритуален живот, но ги осудувате сите останати што не живеат на истиот начин.

17. Не можете да ги слушате туѓите мислења ако се разликуваат од вашите.

18. Повеќе сакате да ги поправите луѓето отколку да ги прифатите такви какви што се.

Во продолжение прочитајте кои се 20-те општествени маски што сите ги ставаат понекогаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар