17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години - Part 2

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

8. Почнете почесто да ја менувате постелата за спиење

Една од најубавите секојдневни задоволства во животот, е да легнете во свежо испрана постела. Ако ги менувате чаршавите редовно, препорачливо е еднаш неделно, тоа ќе ви создаде илузија дека имате контрола врз вашиот живот, а наспроти тоа неменувањето на постелата со недели, е навистина грозна навика.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

9. Не ги земајте специјалните моменти со пријателите здраво за готово

Факт е дека во животот немаме време за сè што сакаме да правиме, но важно е изборите да ги правиме мудро. Доколку сè уште живеете со родителите и немате своја фамилија, веројатно не сте ни свесни дека за неколку години од сега, ќе имате сè помалку време и пари за да правите разни забавни активности со вашите пријатели. Можеби вие ќе стапите во брак, веројатно голем дел од нив ќе стапат во брак и ќе имаат свои семејства, па времето и ресурсите ќе им бидат ограничени. Затоа, до 30 години, направете сè што е во ваша моќ за да отидете на тие одмори, концерти, планинарење и кафе-муабети со вашите пријатели, на кои сте поканети.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

10. Престанете да правите компромиси во токсични љубовни врски

На оваа возраст, редно време е да престанете да правите компромиси и да бидете дел од љубовни врски кои што не се добри за вас, само затоа што вие сè уште не знаете што заслужувате. Ова значи дека под итно морате да престанете да трчате по некој, којшто очигледно не е доволно заинтересиран за вас.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

11. Престанете да одите на настани само затоа што мислите дека „така мора“

Кога станува збор за одење на забави, родендени или други социјални настани, дефинитивно не треба да присуствувате на нив само затоа што мислите дека „би требало“. Имајте на ум дека, животот е премногу краток за да го потрошите на работи коишто не сакате да ги правите.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

12. Немојте да го ставате вашето физичко здравје пред психичкото

Никогаш немојте да претпоставите дека вашето физичко здравје треба да дојде пред менталното. Колку и да ви е важен физичкиот изглед, диетите и вежбите секогаш треба да направат да се чувствувате подобро во врска со себеси, а не виновно затоа што не сте ги постигнале посакуваните резултати. Редовното спортување е одлична навика, но доколку целиот фокус ви е посветен на вашето физичко здравје, а тотално го занемарувате вашето психичко здравје, тогаш балансот ви е многу погрешен.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

13. Престанете да држите модерни, нездрави диети

Многу е подобро да работите на трајно внесување на здрав режим на исхрана во вашето секојдневие. Можеби повремено сè уште ќе качувате по некое кило за време на Велигденските и Божиќните празници, но доколку создадете навика и свест за храната која што е добра или лоша за вашето здравје, многу лесно ќе се ослободите од нив. Најважно нешто што треба да запомните, е секој ден да јадете по 5 шаки овошје и зеленчук.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

14. Сè уште не сте способни да си зготвите храна за себе

Оброците направени во микробранова печка или смрзнатите пици коишто се готват за кратко време, но имаат лош вкус и ужасен квалитет, можеби биле OK избор додека сте биле студенти на факултет, но ако таа фаза од вашиот живот одамна е завршена, а вие сè уште се храните така, тоа звучи малку тажно. Пред вашата 30-годишна возраст, веќе треба да знаете како да си подготвите барем 10 здрави оброци и тоа да го правите на редовна основа.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

15. Ослободете се од луѓето кои што прават да се чувствувате незначително

Зошто би ја вложувале вашата енергија во луѓе на кои што не им се допаѓате, кога тоа време можете да го вложите во пријатели кои што навистина ќе ве сакаат?! Прифатете ја вистината дека нема сите да ве сакаат, па не вложувајте време форсирајќи ги таквите пријателства. Наместо тоа, научете да живеете и да ги сакате луѓето кои што ве прифаќаат, токму онакви какви што сте.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

16. Престанете да откажувате планови во последен момент

Исто како што е важно да не кажувате „да“ на сè што ќе ви се појави пред очи, толку е важно и да бидете реални за она што можете да го реализирате, а што не можете, со цел да не стекнете навика да им ги откажувате плановите на другите луѓе во последен момент.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

17. Не може да останувате без пари на крајот од месецот

Оваа возраст, е крајно време да почнете да сфаќате на што ги трошите сите ваши пари, како и да најдете начини да тргнете на страна без да бидете шворц. Една од најважните работи во животот, за којашто не сме свесни додека сме млади, е имањето пензиски фонд. Па доколку на 30 години сè уште немате никакво пензиско осигурување или работите фриленс, редно време е да почнете да преземете акција. Симнете некоја апликација со која што ќе почнете да го менаџирате вашиот буџет и распрашајте се, кои се опциите за штедење по пензиските фондови и осигурителните компании.

17 штетни навики од коишто треба да се откажете пред да наполните 30 години

Дознајте ги и овие 10 брутални вистини за животот кои е добро да ги знаете пред да наполните 30.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар