17 нешта за кои секоја сестра му е благодарна на својот брат, дури и кога не го покажува тоа

17 нешта за кои секоја сестра му е благодарна на својот брат, дури и кога не го покажува тоа

Овие нешта можат да ги разберат само оние девојки кои имаат браќа. Тие се огромен дел од нивниот живот, од личноста која се денес, како и од одлуките кои ги донесуваат барајќи ја својата среќа. Браќата се бесценети, па токму затоа доколку никогаш не сте им ги кажале овие нешта, тогаш можеби денес е денот кога конечно треба да го направите тоа…

17 нешта за кои секоја сестра е благодарна на својот брат, дури и кога не го покажува тоа

1. Ти благодарам за оние „брат со сестра“ разговори

Без разлика дали вие сте му помагале да научи како да разговара со девојката која му се допаѓа или тој ви помагал да сфатите какви сигнали ви испраќала вашата симпатија, и двајцата сте научиле многу за светот на љубовта и врските еден од друг.

2. Ти благодарам што беше искрен со мене кога бев во врска со погрешно момче

Можеби тогаш не сте го сфаќале тоа, но вашиот брат ве спасил од скршено срце и ве потсетил дека вие можете подобро. И заслужувате подобро.

3. Ти благодарам што ми беше поддршка кога она момче го скрши моето срце

Како би преживеале со скршено срце доколку тој не бил постојано со вас, јадејќи сладолед и гледајќи романтични филмови? Неговата поддршка ве извлекла дури и од најдлабоките океани од солзи.

4. Ти благодарам што ме криеше кога бев во неволја

Сите оние приказни кои тој им ги кажувал на вашите родители со цел да го одвлече нивното внимание додека вие влегувате дома пијани се легендарни и незаборавни. Тој секогаш е тука за да ви помогне да се извлечете од секаков вид неволја.

5. Ти благодарам што ми дозволи да се дружам со твоите пријатели кога имав потреба од друштво

Тој секогаш бил тука за вас кога сте раскинале со момчето, кога вашата најдобра пријателка не била во градот или кога едноставно ви требало одвлекување на вниманието.

6. Ти благодарам затоа што бараше од мене мислење за твојот љубовен живот

Самото тоа што знаете дека тој го цени доволно вашето мислење за да го побара кажува многу за неговата љубов и почит кон вас.

7. Ти благодарам што ми кажуваш дека сум убава, дури и покрај тоа што си ме видел и во најлошото светло

Тој е причината за вашата висока самодоверба и фактот што воопшто не ви е грижа за тоа што го мислат другите.

8. Ти благодарам затоа што ме научи за автомобили, видео игри и забава

Благодарение на него, вие имате неколку трикови плус со кои можете да ги импресионирате момците во нивниот свет.

9. Ти благодарам што ме научи како да бидам силна

Физички, ментално и емоционално.

10. Ти благодарам што успеваше со хумор да ме извлечеш од секоја лоша ситуација

Тој со само неколку хумористични коментари е секогаш тука да ве спаси од сите оние непријатни фамилијарни моменти или пак, едноставно да ви го одвлече вниманието во лошите денови. Тој толку многу ве смее, што понекогаш дури и не можете дишете, па токму затоа и заборавате зошто воопшто сте биле претходно нервозни.

11. Ти благодарам што ги правеше сите оние „женски“ нешта со мене кога бевме мали

Вие засекогаш ќе ги помните и цените оние денови кога тој ви дозволил да го нашминкате или пак, кога сте си играле заедно со кукли…

12. Ти благодарам што ме заштитуваше од страшни бубачки и чудовишта

Тој е првиот на кој ви текнува да го побарате кога ќе видите голем пајак на вашиот ѕид, или пак кога ви е страв да заспиете бидејќи сте убедени дека има дух во вашиот шкаф.

13. Ти благодарам што беше одличен телохранител во сите оние страшни ситуации со бившите

Вие никогаш не можете да му бидете доволно благодарни за оваа негова улога. Тој отсекогаш ве заштитувал и ќе продолжи да го прави тоа до крајот на неговиот живот.

14. Ти благодарам што ме спречуваше да правам нешта за кои подоцна ќе се каам

Без разлика дали е испраќање непријатна порака на вашата симпатија или пак, организирање бунт кон вашите родители, тој секогаш бил тука за да ве вразуми.

15. Ти благодарам што секогаш си добар човек

Тој е личноста која ве научила точно што треба да барате во вашиот иден партнер.

16. Ти благодарам што ме научи како да се однесувам кон маж

Гледајќи го светот преку неговите очи, вие имате и уникатна перспектива кон она што го гледаат мажите, па токму затоа знаете точно како да се однесувате кон нив.

17. Ти благодарам што не ми дозволуваш да се откажам во мојата потрага по вистинскиот

Без разлика дали тоа го прави свесно или несвесно, тој постојано ве мотивира да продолжите да ја барате онаа личност која ќе се однесува кон вас на начинот на кој тој се однесува кон вас – со многу љубов, почит и доверба.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар