17 нешта што треба да ги заборавите во 2017 година!
Новата година ни носи и нови почетоци, па затоа многумина тогаш се чувствуваат најмотивирано за промени. Овој пат ви нудиме листа со цели за 2017 година што можат да ви донесат големи позитивни промени во вашиот живот. Прочитајте за што станува збор…
1. Престанете да одржувате контакти со пријателите што никогаш не се тука кога ви требаат, како и со оние што едноставно не ве поддржуваат. Животот е премногу краток за да го посветите своето време на луѓе што не вредат.
2. Престанете да се опкружувате со луѓе околу кои не можете да бидете свои, или пак, морате да менувате дел од себеси за да почувствувате дека припаѓате. Вие сте уникатни такви какви што сте и токму поради тоа сте посебни.
3. Престанете да ја работите работата што ја мразите само затоа што сте убедени дека не можете да најдете ништо подобро. Постојат толку многу работни места (во и надвор од државава), треба само да направите детално истражување за да ги откриете.
4. Престанете да водите мирен живот, каде што стоите во место и ги набљудувате другите како ги земаат работите што вие ги сакате бидејќи сте преплашени дури и да се обидете. Ако живеете удобен живот, никогаш нема да почувствувате напредок.
5. Престанете да си велите дека е сосема во ред да работите во околина каде што се чувствувате дека не вредите, дека разочарувате и дека вашиот глас е постојано игнориран. Ако вие не се цените себеси, како очекувате тоа да го прават другите?
6. Престанете да вложувате минимален труд. Наместо тоа, загрејте го столчето и дајте сè од себе на работното место, а ако не наоѓате задоволство и предизвик во моменталните проекти, побарајте други.
7. Престанете да молчите за вашите ментални битки, без разлика дали станува збор за депресија, анксиозност, опсесивно компулсивно нарушување или што било друго. Не треба да се срамите од овие состојби, баш напротив, прифаќањето е првиот чекор кон заздравувањето.
8. Престанете да живеете во нездраво тело. Сменете ја исхраната, почнете да се качувате по скали наместо со лифт, шетајте секојдневно, потсетете се дека еден пијалак е доволно… Ако не се грижите за вашето тело, ќе го запоставите и умот!
9. Престанете да спиете само 5 часа во текот на ноќта. Времето е насекаде околу вас, вие само треба да го најдете.
10. Престанете да се движите во токсични социјални околини. Ако сте поканети на средба со луѓе што сакаат да озборуваат и осудуваат, културно одбијте ја поканата. Ако мора да се појавите бидејќи е работна средба или треба да го поддржите партнерот, издвојте еден час и потоа заминете си. Не вложувајте повеќе енергија во овие средби отколку што навистина треба.
11. Престанете да бидете просечен пријател. Ако вашите пријатели имаат потреба од вас, дајте сè од себе да им помогнете, без разлика на проблемите низ кои поминуваат.
12. Престанете да имате лош став кон добрите нешта во вашиот живот. Ако надвор врне, потсетете се дека вечерва ќе имате покрив над главата. Ако заглавите во сообраќај, сетете се дека ова е еден од ретките моменти кога не мора да правите ништо друго освен да размислувате.
13. Престанете да ги трошите деновите за џабе. Сите одвреме-навреме имаат потреба од мирување, едноставно да се опуштат и да не прават ништо друго. Но, ако го поминувате секој викенд гледајќи серии што веќе сто пати сте ги изгледале, ќе почнете да се чувствувате празно.
14. Престанете да верувате дека стравот е нешто што треба да се избегнува. Ако размислите подобро, стравот е всушност најдобриот начин да откриете што потајно сакате, но се плашите од тоа што ќе го кажат другите.
15. Престанете да трошите премногу. Ова не значи дека треба да се чувствувате лошо кога ќе се почестите со масажа или пак, ќе го купите фустанот/костимот што со месеци сте го гледале. Но, ослободете се од купувањето нешта без кои можете да продолжите да живеете…
16. Престанете да го живеете животот на автопилот, да работите како зомби, да го гледате животот низ објектив наместо да бидете присутни во моментот… Едноставно опуштете се и бидете свесни за тоа што ви се случува!
17. Престанете да верувате дека среќата е нешто што треба да се постигне и потсетете се дека таа не зависи од платата. Едноставно бидете среќни што постоите и од таму работите ќе тргнат во вистинската насока.