17 навики коишто можат да ви ја стабилизираат врската уште во раната фаза

17 навики коишто можат да ви ја стабилизираат врската уште во раната фаза

Иако првите неколку седмици од љубовните врски најчесто се карактеризираат со еуфорија, забрзано темпо и пеперутки во стомакот, сепак оваа фаза е пресудна за да утврдите дали врската којашто сте ја започнале е здрава и дали постои можност во иднина да ја однесете на повисоко ниво. Поради тоа, многу е важно уште на самиот почеток широко да ги отворите очите и да обрнете внимание на ситните знаци, кои можеби во моментот ви изгледаат наивно, а во суштина се сигнали кои ќе го дефинираат правецот на развојот на вашата врска.

17 навики коишто можат да ви ја стабилизираат врската уште во раната фаза

Во продолжение, прочитајте ги овие 17 навики, кои доколку ги контролирате, можат многу да ви помогнат да ја стабилизирате врската уште во нејзината рана фаза.

1. Пребрзо сте се заљубиле

Доколку помеѓу вас постои хемија и обострана симпатија, тоа е одлично, но не си дозволувајте да се вљубите пред да бидете сигурни дека вашиот партнер се чувствува на ист начин во однос на вас. Пробајте да останете со трезвен ум и широко отворени очи.

2. Прерано ги откривате вашите емоции

Сосема е во ред да разговарате отворено со вашиот партнер, но само доколку и тој се однесува на ист начин. Немојте да покажувате премногу нежност и емоции во раната фаза од врската, бидејќи мажите тоа може да ги исплаши.

3. Ги оправдувате неговите грешки

Доколку уште на самиот почеток од врската, ги оправдувате неговите несоодветни постапки или невкусни шеги само поради неговиот шарм или добар изглед, веќе правите голема почетничка грешка. Со тек на време тие негови особини ќе почнат да ви одат на нерви, а партнерот тоа нема да може да го сфати, бидејќи не сте му го дале тоа до знаење уште од самиот почеток.

4. Постојано се допишувате

Сосема е нормално повеќе да се допишувате со партнерот во почетната фаза од врската, бидејќи се обидувате подобро да се запознаете и да се зближите, но доколку пречесто разменувате пораки, тоа може да стане мачна и досадна навика. Затоа, сведете го допишувањето на просек, доволно за да постигнете некаква блискост, а истовремено да имате и двајцата доволно простор и слобода да функционирате нормално.

5. Пребрзо сте се впуштиле во физички однос

Во некои случаи, прераното впуштање во сексуален однос може само да ги помати вашите емоции и да ве збуни, бидејќи сè уште не сте сосема сигурни колку сте поврзани на емотивно ниво. Можеби според негово мислење сте сексуално компатибилни, но не си одговарате на другите полиња.

17 навики коишто можат да ви ја стабилизираат врската уште во раната фаза

6. Немојте да се мешате во неговите финансиски одлуки

Во ред е да знаете какви планови има за иднината, колку работи и дали ја сака својата работа, но во почетната фаза од врската не треба да навлегувате во неговите финансии, бидејќи тие се негова лична работа.

7. Се преправате дека имате исти интереси

Можеби сакате да се обидете да се заинтересирате за некое негово хоби и тоа е супер, но доколку не успеете, треба да бидете искрени и отворено да му го признаете тоа. Не е во ред, уште на самиот почеток од врската да создавате заблуди еден за друг.

8. Дајте си доволно простор еден на друг

Многу често се случува на почетокот од љубовните врски партнерите да поминуваат премногу време заедно. И покрај тоа што тоа може навидум да изгледа слатко и убаво, таквата навика на долг рок може да доведе до презаситеност кај партнерите. Затоа, дајте си еден на друг повеќе простор и слобода.

9. Затворате очи пред некои негови особини

На почетокот од врската, многу партнери замижуваат пред некои особини на партнерот, коишто инаку не би ги поднесувале, како што е на пример љубомората. Потрудете се да реагирате за она што ви смета со време, бидејќи ако чекате предолго, тоа може скапо да ве чини.

10. Отворено разговарајте за неговиот однос со поранешната девојка

Доколку вашиот партнер има близок однос со неговата поранешна девојка, тоа можеби нема да ви пречи на почетокот, но понатаму може да ви оди на нерви. Сепак, доколку на почетокот сте му покажеле дека сте ОК во врска со нивното дружење, нему можеби нема да му биде јасно зошто отпосле тоа почнува да ви пречи. Затоа, доколку имате проблем околу нивниот однос, најпаметно е отворено да поразговарате на оваа тема уште од самиот почеток.

11. Се обидувате да ги предвидите неговите емоции

Нема апсолутно ништо да постигнете доколку поминете премногу време во анализа на неговите изјави со вашите пријателки. На овој начин, нема сигурно да утврдите на што сте, па затоа најдобро е да седнете и да размислите околу вашите лични емоции.

12. Зборувате лошо за вашите поранешни момчиња

Со ваквата постапка, откривате повеќе за себе отколку за вашите поранешни момчиња, бидејќи сепак тие биле ваш избор. Избегнувајте да ги коментирате претходните врски пред вашето ново момче, бидејќи на овој начин можете да му оставите лош впечаток.

13. Не размислувајте стереотипно

Многу е погрешно да размислувате стереотипно околу вашата врска и да ја споредувате со некои други врски. Наместо тоа, потрудете да се откриете што ја прави вашата врска уникатна.

17 навики коишто можат да ви ја стабилизираат врската уште во раната фаза

14. Прерано му ја откривате вашата темна страна

Лоши односи помеѓу членовите на семејството, привремена депресија, анксиозност… Во врска со ваквите теми ќе разговарате со тек на време, а почетната фаза од врската резервирајте ја за поведри теми.

15. Пречесто го следите на социјалните мрежи

Опседнувањето со профилите на социјалните мрежи на вашето момче е нешто што дефинитивно не треба да го правите. Не само што е морничаво, туку и социјалните мрежи дефинитивно не се место каде што ќе го запознаете подобро и пореално. Затоа, комуницирајте што повеќе во живо и воздржете се од „манијачење“ на неговите профили.

16. Немојте да се трудите да личите на други жени

Би требало да знаете дека ова е апсурдно, но сепак вреди да стои како предупредување во листава. Дозволете му на вашето ново момче да се заљуби во вашата автентичност и вашата природна убавина.

17. Предупредете го за неговите лоши навики кои многу ви пречат

Не е во ред да бидете зајадливи и постојано нешто да замерувате и да предизвикувате недоразбирања и конфликти уште во раната фаза од врската, но одвреме-навреме морате да му ставите до знаење дека некои негови навики како на пример, прекумерното доцнење на состаноците, не се во ред и дека би било убаво веќе да не ги повторува.

Прочитајте и за 4-те фази низ кои секоја успешна врска мора да помине…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар